четврток, 15 јануари 2009

Од Ловен Дом до водопадот (зима)

Патот што од Ловен Дом води до манастирот Свети Илија е омилена трим - патека на струмичани. Кога времето е убаво, по неа можете да сретнете струмичани од сите возрасти , од двата пола, како трчаат, пешачат или брзо одат, во текот на целиот ден. За време на летните горештини, поголема фрекфенција има во раните утрински часови и попладне после пет часот. Не треба да се изненадите ако сретнете и некој од познатите струмички спортисти, кои својата форма во летниот период ја одржуваат токму на оваа патека, за која велат дека е идеална, зашто добар дел од патеката е рамен дел, но има неколку угорници, кои се етапно распоредени. Најтешкиот дел од патеката е токму пред манастирот, т.е. од водопадот до манастирот. Инаку, оваа патека, меѓу постарите струмичани е позната како СУИЛЕ... што во превод од турски би било - патот на водата. Но, за тоа друг пат. Патеката , или прошетката по патеката е најубава во мај,( таква фотосесија веќе имам направено), кога се’ наоколу мириса и се слушаат звуци од појните птици. Убава е и есента, кога околу вас гледате раскош од бои. А каква е во симскиот период - погледајте сами.

























Нема коментари: