среда, 05 ноември 2008

ЕСЕНСКА ПРОШЕТКА

Кој можеше да претпостави дека по толку сончеви денови, кои најавуваа идење на пролетта, времето толку ќе се расипе, токму за нашата есенска прошетка...Но, таа беша договорена, добро испланирана и мораше да се одржи. Направивме тим, а за добра реализација на некој план е потребен тим...впрочем тоа не учеа минатата година на семинарите. Секој член од тимот успешно сио ја заврши својата задача. Мојата задача беше да набавам месо за скарата, Ратко беше во улога на Стево Карапанџа, а Дане беше задолжен за салатите и гитарата.
Уште по долината на Тркајна се соочивме со маглата, која се јавуваше ва кадели. Костурино, кое се наоѓа на 12 километри југоисточно од Струмица, на патот за Валандово, беше во магла. Расположението како да спласна...маглата како да не пресече, почна да раѓа сомнеж и страв. Најпрво влеговме во училиштето на кафе, а во дворот не пречекаа децата. Уште не бевме го допиле кафето, кога не’ посетија тројца инспектори, кои на пат за Валандово, ги виделе децата во дворот и помислиле дека нешто не е во ред со наставниците...беа искрени. Кога дознаа дека треба да се реализира планираната прошетка, не поздравија и си заминаа на своите работни задачи.
Селската корија, омиленото излетничко место на локалното население, (се наоѓа во непосредна близина на селското игралиште за фудбал), беше во ретка магла.
За останатото, нека зборуваат сликите.

Игралиштето во магла

Селската корија

Ратко- Стево Карапанџа

мајстор-Дане

машките играа фудбал

барање место

скара со ребренца