четврток, 05 март 2009

МАЈСТОРИЈА НА ПАНДЕВ

На натпреварот Лацио-Јувентус, што се одржа во Рим,во рамките на Копа Италија, истата ноќ кога Струмица се тресеше во карневалската треска (3.3.2009) нашиот Горан Пандев постигна мајсторски гол и го изедначи резултатот на 1:1, по што следуваше и голот на Роки за конечна победа на Лацио.

среда, 04 март 2009

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ -2009














































































ЗАВРШИ ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ

Вечерва сите патишта водеа кон Струмица. Вечерва Струмица беше центарот на Балканот...вечерва Струмица живееше за карневалот и со карневалот. Градот се уште трешти, а јас побрзав да ги споделам со вас моите впечатоци од карневалот, додека импресиите се се уште свежи. Направив 220 фотографии со Никонот, па додека фотографиите влегуваат во компјутерот, јас да го напишам текстот. Се уште ми одекнува во ушите силниот техно-ритам, а го слушав цело време по патот кон дома, зашто маските се уште не беа поминале пред платото на домот на културата. Забавата ќе продолжи до раните утрински часови низ струмичките кафеани, кафетерии и ноќни барови. Восхитен сум од креативноста на сите учесниви, а ги имаше многу. Според зборовите на Александар Цицимов, годинава продефилирале над 3000 лица под маски...а ги имаше и од странство. Покрај редовните мечкари од соседна Бугарија, годинава видов за прв пат и гости од Албанија. Морам да ги пофалам моите сограѓани кои со своите креации ги надвисија гостите. Најсилен впечаток ми остави маската чиј спонзор беше МАКС, а претставуваа Индијци.

понеделник, 02 март 2009

ФРЧКО

Спомне ли некој Фрчко, веднаш ми текнува на чичко Мите- Врапчето, пратеник од првиот состав на македонскиот парламент, Бог да го прости... Тој кога излегуваше на говорница, обично прашуваше: „ Фрчко тука ли е?“ Откако со поглед ќе поминеше низ салата или некој ќе му довикнеше од место дека не е, имаше обичај да каже: „ Добро е... значи слободно ќе можам да зборувам. Тој е опасен човек...министер е.“ Тогаш, нашиот херој беше министер за внатрешни работи во владата на РМ. А кога некогаш беше присутен, знаеше да му рече: „ Смеј се, смеј се...на крајот ќе плачеш! Еден ден, ќе си го земеш палтото и ќе си одиш дома, ако овој народ не не извади со клоци.“
Но, да видиме – кој беше Фрчко?
Љубомир Данаилов Фрчковски, професор на Правниот факултет, сега кандидат на СДСМ за претседател на РМ, не и е непознат на македонската јавност. За него се пишуваше и порано, а како одминува времето, написите за него зачестија... речиси секој кој знае да пишува, се обидува да го каже своето мислење за него... преку пост или преку коментар. Ова ни остана како придобивка од демократијата, зашто порано за политика обичните луѓе молчеа...оние што зборуваа, одеа под сенка.
За време на неговото министерување, полицијата влезе во дуел со уличните продавачи на шверцувани цигари, иако и врапчињата знаеја дека тие се последната и најтенката алка во синџирот на организираниот крминал со цигарите.
Потоа се случи оној фамозен атентат над Киро Глигоров, кој се обидуваа да го расветлат неколку подоцнежни министри за внатрешни, но ни до ден денес не се расветли.
Да се присетиме – Возилото во кое бил претседателот Глигоров, се движело по својата вообичаена маршрута, - прва грешка. Штом маршрутата е вообичаена, претседателот станува лесна мета за атентат.
Пред возилото со претседателот, се движело ФИЌО, кое од непознати причини, ненадејно застанало, кога мерцедесот со претседателот се изедначил со паркирано возило, марка ЦИТРОЕН (Дијана 6), што било причина и возачот на мерцедесот да застане, а веднаш потоа се слушнала детонација... За последиците од детонацијата нема да зборувам. Веднаш проструи веста, дека полицијата трага по луѓе со брада, кои веднаш го напуштиле местото. Новинарите се интересираа за ФИЌОТО, а одговорот беше- во ФИЌОТО биле наши луѓе... бивши вработени во МВР. И глеј чудо- никој не се сомневаше во нив!!! А се трагаше по луѓето со брада?!
Експертите од МВР, го расчистија теренот, за да не сметало на минувачите?! Кога дојдоа експерти од Америка, не можеа да се начудат зашто се било раскренато од местото на настанот. Не верувам дека нашите експерти тоа не го знаеле... а токму тоа ја отежнуваше постапката. Секојдневно имаше пресови за новинарите, при што се обидуваа на јавноста да и го свртат вниманието за вистинските сторители, со замаглени информации – вмешаност на МУЛТИГРУП, пронајдено е местото од каде била црпена песокта?! Кога на новинарите им прекипе, почнаа да се интересираат за оставката на министерот, веројатно поучени од праксата во светот, (во Израел во истиот период, министерот за внатрешни си поднесе неотповиклива оставка за банален случај). Следеше одговорот на министерот – На крај памет не ми паѓа да си поднесам оставка...не се чувствувам виновен!
- А што треба да се случи, за ТОЈ да се чувствува виновен?! Зарем атентат врз претседателот за него е мала работа?
Под притисок на новинарите и јавноста, по месец и пол, Љубомир Данаилов Фрчковски, сепак попушти...нешто се скрши во него, па тој си поднесе оставка (со половина уста), која за големо чудо, тогашниот премиер, а актуелен претседател -Бранко Црвенковски, не му ја прифати... значи – во исти гашти прделе.
Потоа следуваа настаните со студентите од парауниверзитетот во Мала Речица, кои тој ги оквалификува како – издуван балон... обична роденденска журка.
За јавните набавки, очилата за сонце, коњите... нема да зборувам.
Кога се врати од Шведска, на новинарите им одговори дека се чувствува моќно, како да бил на мамутска турнеја на Ролинстонсите.
Секогаш, кога меѓународниот фактор имаше потреба да изврши некој притисок врз наша влада, кога требаше да се заврши некоја непријатна работа на штета на државата и македонскиот народ, го ангажираа токму него... зашто човекот имаше ценовник.
Летово, Фрчко пак беше во фокусот на јавноста... на паркинг претепал жена, за што се влечкаше по судови.
Човеков навистина место образ има ѓон... кандиса на претстојните избори да биде кандидат на СДСМ за претседател на РМ, однапред знаејќи дека на кампањата ќе му ги извадат сите валкани гаќи... зарем има нешто поперверзно од тоа?