недела, 13 декември 2009

КНУТ ХАМСУН


Во рамките на одбележувањето на празникот на заштитниците на градот Струмица - Св. 15 Тивериополски свештеномаченици, во организација на Тивериополската филмска алијанса, а во соработка со Кинотеката на Македонија, љубителите на седмата уметност од Струмица ќе имаат можност да видат двајца нобеловци на филмското платно – Кнут Хамсун и Семјуел Бекет.

Годинава се навршуваат 150 години од раѓането на Хамсун (1859 – 1952), а тоа е повод Амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија, на македонските љубители на филмот да им ги претстави филмовите работени според новелите на овој свој нобеловец, кој го носи ореолот на предавник.

Некогаш, големите луѓе стануваат жртви на своите идеали или заблуди... така и Хамсун за време на Втората светска војна, застанал на страната на Квислинг, надевајќи се дека Хитлер ќе направи нов светски поредок, а Норвешка конечно ќе го добие местото што и припаѓа.

Во филмот акцентот е ставен на неговиот живот и односите со жена му - пред, за време и непосредно по големата војна, во која норвешкиот нобеловец си го извалкал името. Живеејќи осаменички живот, повлечен на еден селски имот, буквално глув и „слеп“ за она што навистина се случувало, Хамсут ќе го дочека крајот на војната како предавник. По неговото апсење го носат во лудница, каде го прогласуваат за духовно растроен...дијагноза недостојна за еден од најголемите светски писатели. Неговите белешки, кои почнал да ги води за процесот по долга апстиненција од перото, ќе бидат објавени 1949г. како НЕРАЗГАЗЕНИ ПАТЕКИ и ќе доживеат молскавичен успех.

сабота, 28 ноември 2009

Разговор со Струма

Несреќнице, дали некогаш си се запрашала, како му било на татко ти кога дознал кој го предал, кој им ги отвори портите на Грчиштата...како му било кога дознал дека каменот паѓа од близу? Како му било на кутриот пред да издивне и со последните атоми на душата да исколни – ГРОБ ДА НЕМАШ НЕСРЕЌНИЦЕ! Земјата да не те прима, ороспијо византиска! Девет постели да смениш! Девет пати земјата да те исфрла, а ни по девет векови коските твои да не најдат мир. Гробот да ти го погани племе од најдолен сој...

Не знам зашто никој никогаш не ми ја кажа легендата до крај, па не знам ни кога си умрела ни како... дали си по старост, со обелени коси покрај внуци; или ножот ти го зариле твоите уште додека крвта ти била врела; или те отруле Грчиштата, зашто таквите како тебе се за еднократна употреба, па од твојот гроб направиле споменик во слава на предавниците... па сега не знам и се прашувам – чии гени носиме? Дали од татко ти или твои – предавнички? Или сме се измешале како болви, па сега еден на друг си ги вадиме очите и со векови го носиме ореолот на предавници, нарекувајќи се струмичани.

Од твојот отворен и ограбен гроб никнаа црница и капина... и двете црни, зашто од црнилата се раѓаат само црнила.

Не знам чија сестра си, дали Персеева или Маркова, но сеедно, знам дека си предала татко. Си го предала татка си... а оној што си го предава таткото, ја предава татковината, зашто зборот татковина се изнедрил од зботот татко. Зар не чувствуваш вина?

Велиш, си предала од љубов... зарем тоа ти е оправдување за гревот? Како да немаше маж достоен за тебе меѓу оние што со меч и со копје, а некогаш и со голи раце ги бранеа Царевите Кули и ги коваа коњите наопаку... Дозволи да им бидеш „тројански коњ“ на Грчиштата, кои само со лукавства победуваат.

И други големи предавства памети оваа небо... твојот гроб е недалеку од местото кај што им ги вадеа очите на војниците на Самуил, кои со предавство беа поразени, а потоа ослепени... А потоа моравме да чекаме илјада години за да повторно направиме држава... за да воскреснеме како феникс од сопствената пепел, небаре само слепци раѓала Македонија, па не не се нашол некој со едно око што ќе ги води.

И сега повторно Грчиштата ни тропаат на врата...сакаат име да ни сменат, корените да ни ги пресечат, а гниди од твојот сој се готват да им помогнат.

Внимавај да не му погрешиш на татко ти, зашто таткова клетва фаќа... не учеа кога бевме мали. Не учеа на твојот пример, но дали сите научивме ?

Macedonia is alive ( Petar Temelkovski)

петок, 30 октомври 2009

Од екскурзијата до Скопје

Вчера, 29.10. 2009 ја реализиравме планираната научно-наставна екскурзија - Посета на планетариум со учениците од петтите одделенија од ОУ„ Даме Груев“ - Куклиш и подрачното училиште во Костурино. Од пристигнатите (три) понуди, најповолна беше онаа на Туристичката агенција „Сафари“, која за истите услуги беше за 100 денари поевтина (750 ден.). Од училишниот двор во Куклиш тргнавме во 7.30 и се упативме кон Костурино.


Последно пребројување пред поаѓање.
Водач на патот беше искусниот наставник Петре Георгиев, кому оваа можеби ќе му биде последна посета на планетариумот.




Децата од Костурино трчаат кон автобусот.


По патот не следеа брановидни облачиња, кои најавуваат скорешно заладување на времето.


Мала пауза направивме на локалитетот Стоби, каде децата можеа да ги оптегнат нозете и да купат некој сувенир, но не и да го разгледаме локалитетот, зашто во 11. 00 моравме да бидеме во Скопје.


Додека чекавме пред Планетариумот да излезат битолчани, децата позираа.



До ручекот имавме два часа, кои ги искористивме за посета на Хидрометеоролошкиот завод, кој се наоѓа на Зајчев Рид, на надморска височина од 391 м.

Овде се вршат сите видови мерења на температурата на воздухот, почвата, притисокот, влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, врнежите... податоците редовно се запишуваат, а врз основа на нив синоптичарите ја изготвуваат временската прогноза.

На ручек во Уранија...



Поздрав со Шмизлите...

Откако ја разгледавме постојаната поставка од македонски мајстори од 19. и 20 век во Даут - пашиниот амам, (без да плаќаме влезници, за што се заблагодаривме), се упативме кон Чифте амамот во старата скопска чаршија.



Чаршијата опустела...единствената гужва ја направивме ние, а некогаш овде беше тешко да се разминеш.

Кога сонцето почна да се крие на запад, се упативме назад кон автобусот.

сабота, 24 октомври 2009

Боите на есента



Ниеден уметник не може да се спореди со раскошниот талент на мајката природа...а кога се боите во прашање, есента е ненадминат мајстор.





























петок, 16 октомври 2009

СЕЌАВАЊЕ...

На денешен ден, светот остана посиромашен за еден ангелски глас...


петок, 9 октомври 2009

ЕСЕНСКА ПРОШЕТКА


Кога утрово стигнавме во училишниот двор, децата, со полни ќесиња, веќе беа собрани во училишниот двор и нестрпливо не чекаа, зашто бевме договорени дека ќе одиме на прошетка. Овој 9. октомври се погоди сончев, како создаден за излет во природа.



Пријателски поздрав од еден локален жител.

Селската Корија, во непосредна близина на селското игралиште, е местото каде што по традиција ги реализираме нашите прошетки.





Осмоодделенци позираат...


Моите манекенки.

Двајцата имењаци од шесто.


Богата трпеза или импровизирана софра.



Седмоодделенки.

НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА


Денес, децата од прво одделение имаа посебна причина да се радуваат... станаа членови на Детската организација, нешто слично како што ние на 29.11. станувавме пионери. На сликиве се децата од Костурино, а друштво им прават неколку девојчиња од петто одделение.



Со своите првачиња се сликаше и нивната наставничка Вера Френкова.


Нека им е честито на малите првачиња... посакувам учењето да им биде забавно како игра.

среда, 30 септември 2009

СОФИЛАР


Софилар... некогаш овде беа бавчите на старите струмичани. По околните бавчи се садеа најубавите моркови, лук, кромид, магданос, цвекло, ротквици (рдокви), а еден период и куртовска капија. По овој пат одевме до нашата нива.





Веќе неколку години место куртовка, на неа растат троскот и паламида, а напредуваат како да се грижливо негувани.


За оревот или некој пред нас се погрижил или почнал помалку да раѓа.


Поглед кон Цареви Кули...


Чешмата на Ванчо Семенката.




Некогаш оваа вода ми ја гаснеше жедта.




Дуњата некој веќе ја обрал...


Под овие дуњи одмараше дедо Јанко Кољушков... и нив некој ги обрал да си направи слатко. И поарно... барем некое дете ќе се разблажи.






Поглед назад, кон нашата нива (зад дуњите) засадена со паламида...


Колибата на Ицето Семенков.






Некогаш ова беше омилено излетничко место на струмичани...овде се доаѓаше за мај.