четврток, 6 март 2008

РЕАЛИЗАЦИЈА НА СОНИШТАТА од детството

Кога бев дете, мечтаев да го гледам соговорникот по телефон. Истата фантазија ја имал и синот на професорот Георги Сталев (загинал во сообраќајна несреќа кога бил полуматурант) и својата фантазија ја запишал во својот ДНЕВНИК, во кој патувал и во иднината, а ја нарекол ТЕЛЕФОНОВИЗИЈА. Денес тоа е реалност и за мене, но не се вика така...но сеедно, ја има истата функција. Во понеделникот, за само 500 денари, со син ми Александар „ здруживме капитал“ и купивме веб-камера. Неа планирав да ја купувам, но подоцна. Сега со нејзина помош и програмата СКАЈП моите соговорници ќе можат да ме гледаат. Засега ме виделе братучетка ми Снешка (од Битола ), Кучето ( Светислав Ракиќ- професор по македонски, поет и писател, и форумџија од Штип), Драги Јанев- новинар и енигматичар од Струмица и другар ми Пушкаров Васе- сопственик на менувачница и салон за мебел во Струмица. Камерата има многу можности, покрај основната намена, со неа се прават фотографии и клипчиња... а останатите можности, ако ги има, допрва ќе ги откриваме...

Нема коментари: