вторник, 10 јуни 2008

МОИТЕ ПОЛУМАТУРАНТИ


На 6.6.2008 во ресторанот ПАНОРАМА во Мокрино, осмоодделенците од Куклиш и Костурино имаа своја полуматурска забава. Објектот се наоѓа во прекрасна околина, а самиот објект е направен во стар стил и со многу зелена површина, во која успешно се вклопиле столетни јавори. Децата веројатно долго ќе ја паметат таа вечер на заедничко дружење со своите наставници, како што јас ќе се сеќавам на нивните фаци, нечии имиња, презимиња, мали палавости, итроштини...во секој случај, секој од нив ќе остане како светла точка во моето сеќавање. За да ги спасам од забот на времето, јас ќе ги запишам нивните имиња: (од лево) Стојанова Маца, Клепова Тинка, Бачева Билјана, Свенчева Катерина, Василева Златка, Ангина Стефанија, Бачева Павлинка, Петкова Ронче, Илиева Николина, Колева Наташа, Гузелова Силвана, (клечаат машките...сите) Чонев Јанко, Колев Атанас, Стојков Ристо и Ристов Ѓуро. Јас сум во средината, а друштво ми прави колешката по историја - Чиркова Ленче.
Се надевам дека секој од нив ќе го најде својот пат и еден ден ќе бидат чесни граѓани со кои ќе се гордеам дека сум им бил класен.

2 коментари:

Анонимен рече...

Колега алал да ти е!Мислам дека ти си единствениот наставник кој се гордее толку со своите ученици, а воедно и ѓи сака со сето свое срце!Навистина си за пример!Браво!!!!!

Лазар Партиков рече...

Благодарам колешке. Но, мислам дека секој класен си ги сака своите ученици, ама не секој ги става на блог. Ако некој не го сторил тоа, не значи дека помалку ги сака.