недела, 30 ноември 2008

БЛОГ-ОБУКА


Синоќа (поводом ДАНА РЕПУБЛИКЕ - 29. 11.) во ресторанот на хотелот ИЛИНДЕН во Струмица (со почеток во 17.00 часот) се одржа првата ОБУКА ЗА БЛОГЕРИ (надвор од Скопје). Присутните заинтересирани, во светот на блогерството ги воведоа обучувачите од Скопје, познатите и искусни блогери- Alec_Careca, Gusar и КИМИ. Младите струмичани на семинарот се стекнаа со основните знаења, потребни за отварање и уредување на сопствен блог.Посетата на семинарот беше повеќе од очекуваната, а дали и колку нови блогови ќе никнат, како резултат на оваа обука, останува да видиме.

Нема коментари: