сабота, 17 април 2010 г.

Прв ден од семинарот



Денес, 17. 04. 2010 г. во просториите на ОУ „ Сандо Масев “ започна првиот ден од семинарот за новиот начин на оценување, кој ќе се одвива во две сесии, т.е. два наредни викенда. Ми беше жал, што терминот на одржување на семинарот, се поклопи со терминот на Велофест, кој се одржуваше во непосредна близина - во Домот на АРМ.



Кога влегов во училиштето, во кое ги научив буквите и влегов во светот на книгите, каде што учеа и моите деца... бев пријатно изненаден од глетката. Кога јас бев дете, ОУ „ Сандо Масев “ беше се’ уште ново училиште и беше за тоа време најубаво. Кога моите деца таму се школуваа, беше во очајна состојба... со многу напластени проблеми, а ниту еден не решен. Санитарниот јазол беше најболната точка, зашто постоеше опасност од епидемии. Вратите и прозорците беа посебна приказна... дрвенаријата беше дотраена, во некоја рака и поради негрижата и инертниот однос на раководниот кадар. Сега видов едно модерно училиште, а сликата доволно зборува.



Во улога на обучувачи се појавија шармантните колешки од Битола - Наташа и Гордана, искусни презентерки и одлични познавачи на материјата.







Иако седевме во групи, сите заедно претставувавме еден тим. Повторно бевме заедно со колегите од ОУ „ Гоце Делчев “ од Вељуса.





Колегата од Вељуса - Димитраќ, како најстар, беше „главен“, а негова „десна рака“ беше Ратко.







По завршувањето на семинарот, седнавме на кафе... не кажувам каде, да не им правам реклама.

Нема коментари: