Денес, 25. 08. 2010. год. во Штип, во организација на БРО, се одржа семинар, на кој се разгледуваше новата наставна програма за осмо одделение. Семинарот започна со работа во 10. часот, во просториите на ОУ „ Тошо Арсов “ - Штип, а на него беа поканети претставници од училиштата во Струмица, (и околните општини), Радовиш, Свети Николе и градот домаќин, Штип, кои ги предаваат предметите - Македонски јазик, Математика, Биологија, Географија, Историја, Физика, Хемија, Ликовно, Музичко и Физичко.
Со семинарот по Македонски јазик, раководеше советничката Нада Николовска. Откако ја разгледавме новата наставна програма и нејзините измени, ги воочивме разликите од минатата година. добивме кафе-пауза.
По паузата, работевме по групи, а секоја од групите требаше да изготви тематско планирање.
2 коментари:
На клупите седнат личите на ученици , а надвор на кафе паузата интересен ми е обликот на групирањето , ние како деца така се групиравме за мене малку чудно да видам професори во клупи ама убаво е :). Поздрав се надевам програмата оваа година е подобра од претходната а и ти убаво си си поминал на семинарот
Пепус, благодарам на посетата и коментарот...многу се изненадив, зашто овде коментарите се реткост.
За нас наставниците е сеедно... материјалот мораме да го предадеме. Кога сме во клупите и ние се однесуваме како деца...некои се внимателни и дисциплинирани, некои разговараат, некои ... а јас на крајот избегав на цигар-пауза.
Објави коментар