- О, сите... многу се.
- Една кажи... Омилена од детските години. Не од оние што си ги читал, туку од оние што си ги слушал од татко ти? - Во нејзиниот поглед прочитав повеќе молба отколку прашање.
- Денес треба да им зборувам на моите првачиња за сказните. А треба да им раскажам и некоја сказна...
- Ти треба помош? Сакаш ли да дојдам кај тебе и да им ја раскажам мојата омилена сказна?
- Па, на тоа мислев и јас, ама ми е незгодно да те прашам... да не ти е тешко?
- Не... тоа би било прекрасно. А на кој час ја имаш сказната?
- Сега. На првиот час.
- Сега не ќе можам... имам во осмо. Треба да им ги објаснувам стилските особености на Тешкото. Втори час имам со петто. Тие знаат што е сказна. Ја знаат приказната, па ќе ни бидат од корист.
По првиот час, им објаснив на петтоодделенците дека ќе им бидеме гости на првачињата и дека ќе им ја раскажам приказната за Момчето и четириесетте калуѓери...
Кога влеговме во училницата на првачињата, тие веќе беа испоседнати во полукруг и не’ чекаа.
Беа одлични слушатели. Додека раскажував, правев актуализации, а едно од дечињата се согласи да го позајми своето име за јунакот од приказната... се викал Димитар. Името си го изговори одвај чујно. СЕ согласи и да го викам Мите. Слушаше со ширум отворени очи... ми го голташе секој збор.
Нема коментари:
Објави коментар