вторник, 15 април 2008

ЗА НАЈВИСОКИОТ ВОДОПАД НА БАЛКАНОТ


Кога се промовираа убавините на смоларскиот водопад по нашите медиуми , меѓу другото се велеше дека тој е највисок на Балканскиот Полуостров. Јас така прочитав, така знаев и така напишав ... но, не било така. Само што дознав дека сум бил во заблуда, не по своја вина, брзам да направам корекција. Водопадот во Воден - Егејска Македонија, денес (од 1913) во Република Грција,инаку наш јужен сосед и голем пријател... е висок седумдесет и два метра!
Додека да се смират страстите со јужните ни пријатели, ќе го гледаме на слика.

1 коментар:

Анонимен рече...

Пак грешка. Највисок е Нашиот Корапски водопад со 136 м, на крајот од пролетта.