петок, 20 февруари 2009 г.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ
Дека за да се биде творец не е така неопходно да се живее во престолнината(читај- Скопје), покажа и вечерашнава промоција на три поетски збирки од веќе докажани автори , кои потекнуваат и живеат во провинција. Единствено Виолета Танчева, која потекнува од Струмица, сега живее во Скопје, Борче Панов - живее и работи во Радовиш, аТрајче Кацаров во Штип. Промоцијата се одржа во просториите на библиотеката „Благој Јанков - Мучето“, со почеток во 18 часот пред малубројна , но одбрана публика, што и не е така чудно за таков тип на настани. Во улога на промотори се најдоа Трајче Бјадов, Вања Изова и Никола Маџиров, кои на маестрален начин им ги доближија песните на љубителите на убавиот збор.
- Сега немам време да пишувам песни, затоа забегав во драмата, рече Трајче Кацаров, кој последен им се обрати на струмичани.
- Пишувањето поезија е како одење по жица... или да бидам попрецизен - како одење по острицата на ножот.- рече Кацаров, сакајќи да потенцира колку сериозна работа е поезијата. -Малата форма бара поголемо внимание, време и предрасуди. Поетот не смее да погреши. Иако песната го отсликува моментот, моменталното расположение, таа бара многу време и внимание. Поетот треба внимателно да ја исчисти песната од сите непотребни зборови што ја обременуваат.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар