четврток, 21 мај 2009 г.
Матурска вечер
Никогаш не ја запознав среќата или возбудата на матурантот... Кога бевме полуматуранти, за прв пат, место ноќе, бевме на полуматурски ручек во Банско, во хотелот на пензионерите. Беше тоа една стара трошна зграда, а гужва правеше еден грамофон, на кој стававме кибрит да не пресокнува... Кога бев матурант, умре маршалот (Јосип Броз). Место матурска вечер, се отиде на аџилак за Белград, на поклонение на „светиот гроб“. Јас не бев...потоа се каев, ама не бев. Од принцип, што ми беше познат само мене.
Вечерва Верица (ќерка ми) беше матурантка...беше многу убава, а во нејзиното држење имаше нешто аристократско ... вродено. Нешто што не се учи, туку или се има или се нема.
Дојдоа четворица нејзини другари...еден бил партнерот, а другите придружници. Се едно... сите беа млади и убави. Нека им е со среќа...
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар