сабота, 23 мај 2009 г.

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА



















Вечерва во домот на АРМ, со почеток во 20.00 часот, се одржа свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители- 24 Мај, на која со свои точки се претставија учениците од основните училишта: „ Видое Подгорец“, „ Никола Вапцаров“, „ Сандо Масев“, „ Маршал Тито“,(сите од Струмица), како и моите ученици од „ Даме Груев“- Куклиш. На сцената можеа да се видат оркестрите и хоровите од основните училишта, под раководство на наставниците по музичко воспитување; прозвучи македонскиот збор преку песна, рецитација и драмска игра. Морам да им честитам на моите ученици од Куклиш за сериозниот пристап кон пиесата и за нивната актерска игра. Се надминаа себе си, а мене ми го обелија образот...добија громогласен аплауз, на кој веројатно долго ќе се сеќаваат.

Нема коментари: