вторник, 18 мај 2010 г.
Општината тоа го прави за вас
Ве молиме - имајте разбирање за метежот во строгиот центар на градот... Општината тоа го прави за Вас!Немојте да се огледувате на дрските СДС-мовчиња од Скопје, на миените студенти, на архибригадите, на јуришниците на Бранко। Тие тоа го прават само да го скренат вниманието, да покажат дека постојат। Бидете трпеливи не прашувајте премногу... не прашувајте чиј ќе биде подземниот паркинг и чија е зградата на местото од некогашното Градско Зеленило। Сето тоа не е важно... градот убав пак ќе никне - уште поубав!
Немој да ве заплашуваат овие моќни машини на платото пред споменикот на Делчев. Тоа не значи дека Заев не ги почитува великаните на ВМРО... само руши се’ што му стои на патот।.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар