недела, 23 мај 2010

Колешинските Водопади



Aко тргнете по ова патче, ќе стигнете до водопадот... а што има зад него? - Друг водопад.
Дарежлива била природата, кога се во прашање убавините на Беласица. Убава е цела Македонија, но посебно е убава Струмичката Котлина и сета нејзина околина.



Додека се движите низ убаво уредената шумска патека, го слушате бучењето на потокот, чија вода час потскокнува по камењата, час паѓа од повисока карпа, но никогаш не мирува.



Имав впечаток дека се движам низ Смарагдната Шума, па секој момент очекував да ми се појави некој од племето на „невидливите“.



Колешани се горди на своите водопади, но мора да им се признае и за грижата за нивната околина... не видов ниту едно пластично шише, ниту најлонско ќесе закачено на гранка како бајрак на негрижата.



Пешачењето воопшто не ви претставува задоволство, зашто речиси и да нема угорници, а таму каде што ги има, се искачувате по скали.



И одеднаш здивот ви застанува... занемувате пред убавината што се отвара, што се нуди пред вашите очи. Присуството на странците, кои фотографираат, те потсетува дека овие убавини повеќе не се привилегија само на домородното население и струмичани... за нив светот веќе знае и секојдневно доаѓаат организирано, да украдат парче од рајот и да го однесат во своите домови.



Зборовите не се потребни... тие можат само да и наштетат на убавината.



А, што има нагоре? - праша некој, кој ја виде патеката што водеше над водопадот.





Над големиот водопад има и друг или поточно и други... но за нив во некоја друга прилика, а до тогаш - здравје.









На кафе-пауза...



Пирин е зад облаците.

1 коментар:

Анонимен рече...

... види ... у ќоше ме стаи ...
... ха,ха ...
... поздрав Партику ... убава прошетка ...