четврток, 25 ноември 2010 г.

Освоена награда


Вчера, во 13 часот, во просториите на Домот за деца и млади во Струмица, на свечен начин им беа врачени наградите на учесниците на литературниот конкурс, по повод Детската недела. Меѓу наградените беше и мојата ученичка - Божица Стојанова, ученичка во VI 1  одд. во ОУ „ Даме Груев “ во Куклиш, која во категоријата - творби во стихови, ја освои втората награда.
Меѓу наградените, беше и нашата ученичка - Надиц Пиличева, од шесто одделение во Костурино, наградена за ликовна творба, но не се појави на чинот на предавањето на наградите. Нејзината награда ја примив јас за да и’ ја предадам.
На нејзината награда се радуваа и нејзините другарчиња од шесто одделение.

Меѓу наградените трудови, беше и овој цртеж на ученик од нашето училиште, кој посебно ми се допадна.

Јас и Соња Чурлинова, за спомен.

4 коментари:

Анонимен рече...

Cestito

Лазар Партиков рече...

Благодарам...овде коментарите се вистинска реткост и злато вредат.

Сања Бежовска рече...

Честитки и за професорот и за ученичката :)

Pepuska рече...

Честитки и браво :)