недела, 30 август 2009 г.
ВАРВАРИЦА
Ова е она што останало од некогашното село Варварица...третата и последна локација на жителите на Варварица, кои поради немање вода, поради секнување на изворите, на двапати се местеле и се настаниле овде, за да се иселат и распрснат по околните села засекогаш. Никој не живее веќе овде. Нивните куќи зјапаат немо, а каменот и црвеницата ги чуваат тајните на некогашното живеење овде. Последниот жител се иселил минатата година, на свои 90 години... а сега како единствен непостојан жител го најдовме неговиот син - Симо, кој овде доаѓал секој петок и останувал до понеделник. Тој е единствениот кој му дава некаква живост на селото... го уредил дворчето, засадил овоштарник со одбрани сорти јаболка, кои патем редовно му ги крадат дрварите на враќање, пред тој да ги вкуси зрелите плодови. Ја пристегнал куќата од дедо му, кој некогаш бил најбогатиот човек во селото, ја варосал и од чардакот, за време на викендите, ужива во глетката пред себе. Имал само пет години кога го напуштил селото, но никогаш не се откажал од него... вели дека го влечат корењата. Другите варваричани повремено поминуваат низ селото да насечат огревно дрво и само упатуваат нем поглед кон купот камења што некогаш им бил огниште.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
2 коментари:
одлична фотосторија... :)
се читаме и на блогкоммк... :)
поздрав... :)
Синоќа го видов твојот коментар и се обидов да ти одговорам , но заборавив дека не сум логиран...се намачив, но без успех. Не знам како го прават тоа нелогираните на blog.com.mk
Благодарам за пофалбите...тие се секогаш потстрек за нови предизвици.
Објави коментар