сабота, 29 мај 2010 г.

Семинари и семинарки



На 27. 28. и 29. 05 во хотелот Оаза, (некогашен Астибо), во Штип , се одржа семинар за одделенските раководители на шестите одделенија, кои од септември, на одделенските часови , ќе треба со своите ученици да ги реализираат работилниците од ОЖВ (Основни животни вештини). Пред рецепцијата на хотелот се сретнавме со своите колеги од основните училишта во Струмица, Вељуса, Муртино, Василево, Ново Село, Просениково, Дабиле, Босилово, Делчево, Велес и се разбира - ние од ОУ „ Даме Груев “ - Куклиш (Василка Василева и јас). Од секое училиште имаше по два претставника.



Случајно го сретнав нашиот баритон од светски глас, Борис Трајанов,  и на излегување од хотелот го фотографирав.
















Бевме изненадени од фактот дека во хотелот немале доволно легла, па ние шестмина бевме „депортирани“ во малиот хотел „ КИМ “, кој беше на една од штипските „ ритки “, позната како „Деснаци“.














Не ни беше лошо, напротив - собите беа сосем солидни, а воздухот чист и свеж.














Откако се сместивме, веднаш се вративме во ОАЗА, каде речиси без задоцнување започнаа активностите од семинарот. Во улога на обучувачи се појавија Мика Илиева - советничка од Делчево, која ми беше позната од семинарот по Граѓанско образование, што се одржа во ОУ „ Маршал Тито “ - Струмица и Филипина Негриевска, авторка на учебникот по ОЖВ.



Интересно кај овие работилници е тоа што во воведниот дел од часот редовно се започнува со некои игри, кои треба да ги анимираат децата и да ги натераат на активности во кои ќе учествуваат подеднакво сите. За разлика од редовните часови, каде на децата им се дава до знаење што ќе работат и кои се целите и задачите, на овие работилници треба да се натераат децата да ги почувствуваат, да ги осетат темите низ игра, задачи, глумење и низ дискусија.



На игрите, кои требаше да не анимираат, се чувствувавме како деца, се смеевме и често се забавувавме. На сликава се  дел од колегите што со подбрадокот и рамото ја прифаќаат и предаваат „ штафетата “.



По игрите, следеше главниот дел, во кој поделени во групи решававме задачи по напатствија... да бидам искрен, првиот ден неколку пати се запрашав - Што барам овде? мислејќи дека од септември ќе треба да ги учам децата како се прави ајвер , руска салата или пинџур. Потоа следеше презентација на сработеното.



Секоја од групите го презентираше сработеното...



Додека едни презентираа, останатите внимателно слушаа.
Беше напорно, зашто без пауза се работеше два и пол часа... По едната работилница следеше нова, а мене ме мачеше потребата од цигари и кафе.



Кафето, ние пушачите , го пиевме надвор, од нога , на чист воздух.







По главниот дел, редовно следеше дискусија, во која активно учествувавме сите учесници на семинарот.



Советничката Мика Илиева дава напатствија за вежба...





Една од групите работи на својата задача...



Вториот ден имавме пауза, што ја искористивме за прошетка низ градот и седнавме на кафе.

                                                     





















Три „ грации “...
                                                             






















Вториот ден од семинарот, попладне, бевме поделени во групи и секоја од групите требаше да изработи по една работилница и да ја претстави. Секој член од групата имаше своја задача.
Нашата група доби според мене најинтересна задача - ХИВ и СИДА и како да се заштитиме од нив. Моја задача беше да ја водам дискусијата. Додека другите групи, се договараа, вежбаа... ние само си ги поделивме улогите и речиси не се видовме. 



Добро се снајдов во улогата на водач на дискусијата, а советничките беа задоволни бидејќи ја збогатив со уфрлање на свои прашања, покрај оние што ми беа зададени во вежбата.


                                                                                
                                                                                   















Дел од играта во која требаше да одглумат млади како купуваат кондоми...





Стравот пред настап беше присутен кај секој од нас.





Колешката  од Велес...


Давање напатствија за задачата...
                                                                         















На последните презентации, малку бевме опуштени и малку повеќе несериозни...
















Нема коментари: