среда, 10 септември 2008

Разговор со Шишков


Деновиве во Струмица се одржува XVI фестивал на камерен театар „ РИСТО ШИШКОВ“. Фестивалот започна на 8. 9. со свечено отварање на изложбата „ Театарски плакати “ од Крсте Џидров, а први артисти, кои се претставија пред струмичкаѕа публика, беа артистите од НУЦК „ АЦО ШОПОВ “ од Штип. Секојдневно, на програмата на фестивалот се по две претстави, од 19.30 и втората од 22.00 часот.Фестивалот завршува со монодрамата „ LIKE ME “- со артист од Љубљана, Словенија.
Вечерва поминав откај Домот на културата, каде што се одржува фестивалот, за да се информирам и да ја разгледам програмата. Зад шанкот ме пречека познатиот струмички артист Мелев Ванчо, кој беше во функција на бармен, а на една маса лево, осамен седеше синот на големиот артист- Васил Шишков, и самиот артист. Без никаква најава му пријдов и го запрашав дали е расположен за краток разговор. Горостасното момче,( кое повеќа не е момче, туку зрел човек),од татка си ги украл очите, љубовта кон театарот и татковината, пријателски ми понуди да седнам спроти него. Беше сосем отворен и спремен за секаков разговор... се чини за него не постојат тајни. Самиот ми призна дека го носи товарот на брендот Шишков, и дека не му е баш лесно.
„Прашај го мојот пријател Игор, како му е , кога зад себе ги има имињата на дедо му и татко му.“- рече Васко.
На три години останал без љубовта на мајка си, пољачка Еврејка, чии гени сепак носи, како што и самиот признава.
„ Не знам како да ја викам- дали по име, мамо иили тетко... не ја чувствувам како своја мајка... таа само ме родила. Дваесет и шест години живеам без неа. Кога ми беше најпотребна , таа ме напушти. Понекогаш се прашувам- каква жена е таа? Дали заслужува да се нарече мајка? Јас си ја сакам другата мајка...онаа со која пораснав, што ме одгледа, втората жена на татко ми- балерината Весна Пуровска. Имам и сестра...неа никој не ја знае, а многу ја сакам, зашто е прекрасна личност. Таа е експерт за јазици.“
„ На шеснаесет години останав сам... ме одгледа улицата. Ги научив правилата и одлично играв...таа ми беше првиот факултет. Таа ме заглави, но и ме спаси.“
Му пречи ако фестивалот добие политичка димензија, бидејќи кај нас се е политика. Добив впечаток е добар соговорник, просто желен за искрен разговор... Не сака да го врти и другиот образ... на моето прашање - дали е православен, рече дека се вика Васил и дека тоа нешто говори. - Да, но христијаните простуваат... Веројатно си наследил нешто и од гените на мајка ти. - Можеби, но тоа е посилно од мене...