понеделник, 27 декември 2010

Предновогодишна забава на БАС во Де Ниро - Битола

На 25. 12. 2010. год. во пицеријата Де Ниро во Битола, на заедничко предновогодишно дружење се собраа професорите, студентите и соработниците на Бизнис Академијата Смилевски.
Со чашка пијалок и вешто одбрано и убаво декорирано мезе, студентите и нивните професори се дружеа и разговараа опуштено, за своите идни планови.

 

Целта, на овој прв од таков вид собир, е да се надминат бариерите меѓу професорите и студентите, а тие како идни менаџери, да стекнат навика да ги негуваат и одржуваат контактите, зашто  во бизнисот човечките ресурси се од непроценливо значење.



четврток, 23 декември 2010

Одбележан Празникот на училиштето

Со мала свеченост, денес  23.12 2010 год. беше одбележан Празникот на училиштето „ Даме Груев“  во Куклиш. Сите вработени добивме мали подароци, во знак на сеќавање...




Откако беше прочитан реферат за нашиот патрон, пред бистата на Даме Груев беа положени букети свежо цвеќе, а потоа заминавме на заеднички ручек. 

 



четврток, 25 ноември 2010

Освоена награда


Вчера, во 13 часот, во просториите на Домот за деца и млади во Струмица, на свечен начин им беа врачени наградите на учесниците на литературниот конкурс, по повод Детската недела. Меѓу наградените беше и мојата ученичка - Божица Стојанова, ученичка во VI 1  одд. во ОУ „ Даме Груев “ во Куклиш, која во категоријата - творби во стихови, ја освои втората награда.
Меѓу наградените, беше и нашата ученичка - Надиц Пиличева, од шесто одделение во Костурино, наградена за ликовна творба, но не се појави на чинот на предавањето на наградите. Нејзината награда ја примив јас за да и’ ја предадам.
На нејзината награда се радуваа и нејзините другарчиња од шесто одделение.

Меѓу наградените трудови, беше и овој цртеж на ученик од нашето училиште, кој посебно ми се допадна.

Јас и Соња Чурлинова, за спомен.

петок, 12 ноември 2010

На гости кај првачињата

Само што седна, Верето ме праша - Лазо, која е твојата омилена сказна?
- О, сите... многу се.
- Една кажи... Омилена од детските години. Не од оние што си ги читал, туку од оние што си ги слушал од татко ти? - Во нејзиниот поглед прочитав повеќе молба отколку прашање.
- Денес треба да им зборувам на моите првачиња за сказните. А треба да им раскажам и некоја сказна...
- Ти треба помош? Сакаш ли да дојдам кај тебе и да им ја раскажам мојата омилена сказна?
- Па, на тоа мислев и јас, ама ми е незгодно да те прашам... да не ти е тешко?
- Не... тоа би било прекрасно. А на кој час ја имаш сказната?
- Сега. На првиот час.
- Сега не ќе можам... имам во осмо. Треба да им ги објаснувам стилските особености на Тешкото. Втори час имам со петто. Тие знаат што е сказна. Ја знаат приказната, па ќе ни бидат од корист.
По првиот час, им објаснив на петтоодделенците дека ќе им бидеме гости на првачињата и дека ќе им ја раскажам приказната  за Момчето и четириесетте калуѓери...
Кога влеговме во училницата на првачињата, тие веќе беа испоседнати во полукруг и не’ чекаа.
 Беа одлични слушатели. Додека раскажував, правев актуализации, а едно од дечињата се согласи да го позајми своето име за јунакот од приказната... се викал Димитар. Името си го изговори одвај чујно. СЕ согласи и да го викам Мите. Слушаше со ширум отворени очи... ми го голташе секој збор.


Приказната траеше колку еден школски час... остана време за краток разговор. Децата на одмор заминаа разговарајќи кој од нив што би одбрал од сказната... сите го посакувале јагнето, зашто тоа ќе им давало златни парички, па со нив ќе можеле да си купуваат што ќе посакаат. Ова за мене беше прекрасно искуство, а децата - верувам дека долго ќе го паметат овој час.

среда, 3 ноември 2010

Посета на Планетариум

Вчера, учениците од ОУ„ Даме Груев“, ја реализираа планираната посеата на планетариумот, а јас го искористив превозот, за да завршам некои работи со СОНК. Патувавме со автобусите на Туристичката агенција „Атлантис“.
На излезот од Костурино видовме густ чад... чадеше една „фабрика “ за вар...


Одблиску изгледаат како мали вулкани од кои излегува само црн чад...

Прв пат во животот патував со двоспратен автобус. До мене седеше мојата комшика и колешка - Мирјана.
Валандово тонеше во магла... маглата беше над Вардар.
Веќе кон Демир Капија беше чисто... маглата се раскрена и огреа сонце.
Ка мотелот Македонија, направивнме пауза, но наместо таму, застанавме од спротивната страна... на бензинската пумпа. Кафе пиевме од нога...
Скопје тонеше во магла... или во смог.

Скопје се гради...


Се намачив додека ги најдов просториите на СОНК... сите ме праќаа во Работничкиот дом.
Таму остварив средба со новиот лидер на СОНК, Јаким Неделков,

а во истата канцеларија беше и неговиот советник, а бивш лидер - Дојчин Цветановски.

По краткиот разговор со лидерите на СОНК, се упатив во центарот каде се сретнав со Карека, познаник од блогерајот... со него испивме кафе и помуабетивме .






Заедно заминавме во Зоолошката градина, каде веќе беа нашите ученици.





Присуствував на интересен момент... вработените во Зоолошката се обидуваа без трауматизирање на животното да го преселат во ново живеалиште, зашто неговиот „дом“ треба да им биде живеалиште на крокодилите, што допрва треба да дојдат. Молењето траеше долго... животното беше исплашено и полно со недоверба.
Овој е Менде од Битола... бенгалски тигар, донација на Зоолошката градина од Битола.




Овој бил Сибирски тигар...

На враќање кон дома, бевме и во црквата во Радовиш, чиј ктитор е познатиот бизнисмен - Ристо Гуштеров.


Дома се вративме уморни и полни со впачатоци...