четврток, 24 септември 2009

Од семинарот во Штип


Денес,(24.09.2009г.), во ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ во Штип, се одржа семинар за предметните наставници по Македонски , Математика, Физика, Хемија, Биологија, Историја, Географија, Ликовно, Музичко и Физичко и здравствено воспитување, а во врска со новата наставна програма за седмо одделение.
Во Штип стигнавме еден час порано, па седнавме на кафе во еден штипски кафиќ. Турско кафе на служеле, па морав да пијам еспресо.



Колешката Партинова се подготвува за семинарот...


Ратко Кршков, како и секогаш видно расположен.
Семинарот започна нешто по 12.00, а се работеше по групи. Не имаше колеги од Струмица, Радовиш, Штип и Свети Николе... Некои од колегите беа и лани.










Со нас беше советничката Нада Николовска.








На крајот се презентираше сработеното - тематско планирање.