сабота, 12 април 2008

АПСУРД

На иницијатива на ДУИ, а со поддршка на најголемата владејачка партија ВМРОДПМНЕ, треба да се гласа за самораспуштање на парламентот на РМ. Таа опција постоеше, но за прв пат од постоењето на независна Република Македонија се користи оваа законска можност. Секаде во светот, опозицијата е таа која од петни жили се обидува да дојде до предвремени избори, а за чудото или апсурдот да биде поголем, овде , кај нас опозицијата се плаши како ѓавол од темјан од предвремените избори. Со разни процедурални забелешки и поднесување амандмани, таа, вредната опозиција, се обидува да го продолжи својот пратенички мандат...макар и за една ноќ. Жално е да се гледа и слуша лидерката на најголемата опозициска партија- СДСМ, Радмила Шеќеринска. Таа во својот бес и нервоза не внимава на вокабуларот, па ниско паѓа и што е досега невидено за еден лидер - често излегува на говорница. Ако се толку сигурни во лошата работа на владата, зошто се плашат од изборите, или нив ги плаши досега невидено нискиот рејтинг на СДСМ. Пред само два месеци рејтингот им беше едноцифрен... сега им порасна, но не надминува 12%. Многумина од нив се плашат дека никогаш повеќе не ќе бидат пратеници и не ќе уживаат пратенички имунитет...макар и опозициски.

петок, 11 април 2008

ОВА НЕ Е РИО

Со задоцнување, иако веќе не е актуелен карневалот, со кој живееше Струмица за време на тримерските обичаи, Ви ги пренесувам овие прекрасни фотографии кои сведочат дека Струмица не случајно зазема видно место на мапата на карневалските градови во светот. Нашиот карневал не е новокомпониран, туку има вековна традиција, за што сведочи и најпознатиот турски патописец Евлија Челебија. Жал ми е што не можев сите фотографии да ги пренесам,туку направив избор, кој сепак ја отсликува атмосферата на карневалот во 2008год.

четврток, 10 април 2008

ПЕПЕРУГИТЕ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ

Годинава за прв пат учениците од ОУ„ ДАМЕ ГРУЕВ“ - Куклиш учествуваа на карневалот. Учествуваа децата од осмо одделение во Куклиш и Костурино. Децата беа пресреќни што и тие се дел од големиот карневал. Иако за прв пат, нивната маска не помина глуво- добија некоја утешна награда, која треба да ги мотивира ентузијастите за идно ново учество. Карневалот одамна заврши, „маските паднаа“, а јас со задоцнување ги ставам сликите на блогов...но подобро некогаш, отколку никогаш.