недела, 26 октомври 2008

ЛЕО


За роденденот (22.09.) од моите внуки добив мачор...мал мачор. Прекрасен мачор со боја на тигар. Дотогаш не ги сакав мачките, зашто се себични...но овој, од првиот контакт со него, го засакав. Му дадовме име - Лео...го крсти син ми, Александар. Подоцна разбрав дека е роден на 02. 08. за Свети Илија, значи можеше да се вика Илија, Иле...Многу брзо расте зашто го храниме со специјални храни за мачки, друга храна не сака ни да помириса.