сабота, 4 октомври 2008

Од посетата на Планетариумот










Вчера, 03. 10 . 2008 , со учениците од петтите одделенија во ОУ„ Даме Груев“, ја реализиравме планираната еднодневна научно-наставна екскурзија - посета на Планетариум. Откако децата удобно се сместија во автобусот на туристичката агенција „Атлантис“,( која беше одбрана од четири понуди) , тргнавме во 7.30 според планот.
Патувавме по тмурно време, а на некои места бевме принудени да чекаме, бидејќи се изведуваа поправки на мостовите.
Првата полчасовна пауза ја направивме на локалитетот Стоби, каде испивме едно гратис- кафе, а децата ги оптегнаа нозете, купија по некој сувенир и се разбира беа во тоалет.
Точно на пладне бевме на ручек во кафаната КАЈ ЗЛАТЕ, каде случајно наврати и познатата фолк- пејачка Благица Павловска. Следеа автограми по рацете и заеднички фотки. На Благица не и’ пречеше присуството на децата, напротив- уживаше во моментот на популарноста и позираше со децата.
Потоа се упативме кон зградта на МРТВ, во чија непосредна близина се наоѓа Планетариумот. Таму следуваше наредба- ИСКЛУЧЕТЕ ГИ СВОИТЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ! НЕМА ФОТОГРАФИРАЊЕ, НЕМА БЛИЦЕВИ!
Потоа тотален мрак и гласот на водичот не пренесе во вселената на едно чудесно патување кон ѕвездите... а пишувачот на овие редови, бидејќи тргна на пат ненаспан- задрема. Кога заврши предавањето следуваа прашањата, а на општа изненаденост на децата, поставив неколку прашања, иако го преспав предавањето.
Следуваше посетата на Сеизмолошката опсерваторија, кој се наоѓа на ридиштата над Кисела Вода, од каде се нудеше прекрасна панорама на нашиот велеград.
На мое големо изненадување, пред опсераторијата видов едно познато лице... не бев го видел 20 години, освен по телевизија. Водич низ опсерваторијата требаше да ни биде мојот стар пријател - Ане Тунтев, кој во далечната 1980, учествувајќи на републички натпревар по физика, кој се одржа во Струмица, беше мој гостин. Ане ги запозна децата со најновите, како и со оние постарите инструменти (кои се веќе музејски вредности), со кои се мерат и точно локализираат сите потреси на земјината кора, која никогаш не мирува.
Ме фасцинира податокот дека сеизмичкиот бран што ќе тргне од епицентарот во Истанбул, кај нас стигнува за две минути, а ако патуваме со авион колку време ни треба... која е тоа брзина... Потоа низ градската џунгла се упативме кон Калето и црквата св. Спас, каде е саркофагот на нашиот великан Гоце делчев, а мене ми се блокира апаратот... се потрошиле батериите. На пат кон дома, застанавме во Радовиш и ја посетивме црквата св. Троица- чиј ктитор е Ристо Гуштеров. На мое големо запрепастување, на децата им продаваа крстена вода во пакување од 200мл. за по 20 денари. Децата масовно купуваа, кој две кој три. Едно дете беше пресреќно дека си купило пет, и за гулабите... а при тоа не добиваа фискални сметки. Штета што не се сетиле да продаваат ИНДУЛГЕНЦИИ.


Нема коментари: