сабота, 12 април 2008

АПСУРД

На иницијатива на ДУИ, а со поддршка на најголемата владејачка партија ВМРОДПМНЕ, треба да се гласа за самораспуштање на парламентот на РМ. Таа опција постоеше, но за прв пат од постоењето на независна Република Македонија се користи оваа законска можност. Секаде во светот, опозицијата е таа која од петни жили се обидува да дојде до предвремени избори, а за чудото или апсурдот да биде поголем, овде , кај нас опозицијата се плаши како ѓавол од темјан од предвремените избори. Со разни процедурални забелешки и поднесување амандмани, таа, вредната опозиција, се обидува да го продолжи својот пратенички мандат...макар и за една ноќ. Жално е да се гледа и слуша лидерката на најголемата опозициска партија- СДСМ, Радмила Шеќеринска. Таа во својот бес и нервоза не внимава на вокабуларот, па ниско паѓа и што е досега невидено за еден лидер - често излегува на говорница. Ако се толку сигурни во лошата работа на владата, зошто се плашат од изборите, или нив ги плаши досега невидено нискиот рејтинг на СДСМ. Пред само два месеци рејтингот им беше едноцифрен... сега им порасна, но не надминува 12%. Многумина од нив се плашат дека никогаш повеќе не ќе бидат пратеници и не ќе уживаат пратенички имунитет...макар и опозициски.

Нема коментари: