среда, 4 март 2009

СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ -2009














































































ЗАВРШИ ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ

Вечерва сите патишта водеа кон Струмица. Вечерва Струмица беше центарот на Балканот...вечерва Струмица живееше за карневалот и со карневалот. Градот се уште трешти, а јас побрзав да ги споделам со вас моите впечатоци од карневалот, додека импресиите се се уште свежи. Направив 220 фотографии со Никонот, па додека фотографиите влегуваат во компјутерот, јас да го напишам текстот. Се уште ми одекнува во ушите силниот техно-ритам, а го слушав цело време по патот кон дома, зашто маските се уште не беа поминале пред платото на домот на културата. Забавата ќе продолжи до раните утрински часови низ струмичките кафеани, кафетерии и ноќни барови. Восхитен сум од креативноста на сите учесниви, а ги имаше многу. Според зборовите на Александар Цицимов, годинава продефилирале над 3000 лица под маски...а ги имаше и од странство. Покрај редовните мечкари од соседна Бугарија, годинава видов за прв пат и гости од Албанија. Морам да ги пофалам моите сограѓани кои со своите креации ги надвисија гостите. Најсилен впечаток ми остави маската чиј спонзор беше МАКС, а претставуваа Индијци.

Нема коментари: