вторник, 5 мај 2009 г.

Анџелина Џоли


Ми се јави една вечер Анџелина, со молба да стави моја слика на маичка... Откако подразмислив, решив да и’ дозволам, но под услов, -маичката да и е за по дома, да не ја дава на другарките и да не се фали наоколу. Ептен сме блиски, не можев да ја одбијам...а и добра душа има. А морам да признам- убаво и’ стои.

понеделник, 20 април 2009 г.

IN MEMORIAM

Денес, на градските гробишта во Струмица, беа погребани посмртните останки на познатиот струмички сликар Гоцков Стојче. Случајот сакаше овој сликар со посебна дарба да почине на најголемиот христијански празник Велигден.
Нека му е вечна слава.

среда, 15 април 2009 г.

САЕМ НА КНИГАТА (Скопје 2009)

Со учениците од петто до осмо одделение од ООУ„ Даме Груев“ од Куклиш и Костурино, на 14. 04. 2009. год. ја реализиравме екскурзијата до Скопје со посета на Саемот на книгата,
откако претходно на тендерот беше одбрана најдобрата понуда (на АТЛАНТИС- 650 ден. за пат, ручек, платени влезници во Саемот и Стоби) и добивме согласност од родителите.
Одговорноста за педесет и еден ученик ни беше доверена нам, на наставниците по македонски јазик, Лазар Партиков и Светлана Џолева, како најкомпетентни кога се во прашање книгите.
Цел ден времето беше дождливо и тмурно, што може да се види и од сликите, што беше главна причина да не го разгледаме локалитетот Стоби, туку само да одмориме и да се напиеме кафе. Отпаднаа и прошетките на отворено (до крстот на Водно , Зоолошката градина и Кале), па моравме да се задоволиме со посета на затворени објекти како што е Рамстор и Спомен домот на Мајка Тереза. Инаку на Саемот се чувствував бедно, зашто немав доволно пари да ги купам сите оние книги, што го привлекуваа моето внимание. Таму се видов со некои драги личности со кои се познавам од блогерајот и жалам што немав повеќе време за муабетење.
Ручавме „Кај Злате“, а потоа следеше прошетка по Рамстор, куќата на Мајка Тереза (не беше дома), пиење кафе и назад кон дома.
Пофалби за организаторот- Туристичката агенција Атлантис, за беспрекорната организација, за професионалниот однос на возачот на „Струмица експрес“, а најмногу за децата, кои беа прекрасни.