понеделник, 29 декември 2008 г.

јас, замислен и смрзнат

Аце и Михајло со пурите

оро весело

на заминување

директорката

ОД ЗАБАВАТА ВО „ ВЕТЕРАН“


Синоќа, (28.12.2008г.) со почеток во 19.00 часот, во кафеаната ВЕТЕРАН (кај Бурчо), се одржа со мало одложување забавата за вработените во ОУ„ Даме Груев“-Куклиш, по повод патронатот на училиштето. Понатаму нека зборуваат сликите...

недела, 28 декември 2008 г.

НАШАТА ГОРДОСТ


На општинскиот, а подоцна и на регионалниот квиз-натпревар : КОЛКУ ГИ ПОЗНАВАШ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРОПИСИ, екипата од нашето училиште, „Даме Груев“, во состав: Саветка Атанасова, Надица Пиличева и Васко Донев, а под менторство на колегата Ацо Атанасов, го освои првото место. Честитки до членовите на екипата, а посебно до Надица Пиличева, ученичка од шесто одделение во Костурино, со која сите се гордееме и и’ посакуваме успешно претставување на училиштето на претстојниот републички квиз-натпревар.

недела, 30 ноември 2008 г.

Голем интерес за блогерство

БЛОГЕР- ОБУЧУВАЧ

И ЈАС САКАМ БЛОГ

што е тоа - БЛОГ?

Карека и КИМИ

БЛОГ-ОБУКА


Синоќа (поводом ДАНА РЕПУБЛИКЕ - 29. 11.) во ресторанот на хотелот ИЛИНДЕН во Струмица (со почеток во 17.00 часот) се одржа првата ОБУКА ЗА БЛОГЕРИ (надвор од Скопје). Присутните заинтересирани, во светот на блогерството ги воведоа обучувачите од Скопје, познатите и искусни блогери- Alec_Careca, Gusar и КИМИ. Младите струмичани на семинарот се стекнаа со основните знаења, потребни за отварање и уредување на сопствен блог.Посетата на семинарот беше повеќе од очекуваната, а дали и колку нови блогови ќе никнат, како резултат на оваа обука, останува да видиме.