петок, 20 февруари 2009 г.

ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ








Дека за да се биде творец не е така неопходно да се живее во престолнината(читај- Скопје), покажа и вечерашнава промоција на три поетски збирки од веќе докажани автори , кои потекнуваат и живеат во провинција. Единствено Виолета Танчева, која потекнува од Струмица, сега живее во Скопје, Борче Панов - живее и работи во Радовиш, аТрајче Кацаров во Штип. Промоцијата се одржа во просториите на библиотеката „Благој Јанков - Мучето“, со почеток во 18 часот пред малубројна , но одбрана публика, што и не е така чудно за таков тип на настани. Во улога на промотори се најдоа Трајче Бјадов, Вања Изова и Никола Маџиров, кои на маестрален начин им ги доближија песните на љубителите на убавиот збор.
- Сега немам време да пишувам песни, затоа забегав во драмата, рече Трајче Кацаров, кој последен им се обрати на струмичани.
- Пишувањето поезија е како одење по жица... или да бидам попрецизен - како одење по острицата на ножот.- рече Кацаров, сакајќи да потенцира колку сериозна работа е поезијата. -Малата форма бара поголемо внимание, време и предрасуди. Поетот не смее да погреши. Иако песната го отсликува моментот, моменталното расположение, таа бара многу време и внимание. Поетот треба внимателно да ја исчисти песната од сите непотребни зборови што ја обременуваат.

сабота, 31 јануари 2009 г.

ЦАРЕВАТА НОВА ОБЛЕКА




Вечерва, со почеток во 17 часот, во салата на Домот на АРМ, се одржа претставата за деца „ Царевата нова облека“. На сцената ги видовме членовите на драмската секција на Домот за деца и млади „ Благој Јанков - Мучето“ - Струмица, а режијата и беше доверена на младата актерка Јасмина Вучкова. Радува податокот дека салата беше исполнета до последното место, а и фактот дека љубовта кон театарот и актерството, преку вакви проекти, се негува меѓу помладите. Честитки за младите актери за нивната сценска игра и за ентузијазмот на режисерката - Јасмина Вучкова.

четврток, 15 јануари 2009 г.

Од Ловен Дом до водопадот (зима)

Патот што од Ловен Дом води до манастирот Свети Илија е омилена трим - патека на струмичани. Кога времето е убаво, по неа можете да сретнете струмичани од сите возрасти , од двата пола, како трчаат, пешачат или брзо одат, во текот на целиот ден. За време на летните горештини, поголема фрекфенција има во раните утрински часови и попладне после пет часот. Не треба да се изненадите ако сретнете и некој од познатите струмички спортисти, кои својата форма во летниот период ја одржуваат токму на оваа патека, за која велат дека е идеална, зашто добар дел од патеката е рамен дел, но има неколку угорници, кои се етапно распоредени. Најтешкиот дел од патеката е токму пред манастирот, т.е. од водопадот до манастирот. Инаку, оваа патека, меѓу постарите струмичани е позната како СУИЛЕ... што во превод од турски би било - патот на водата. Но, за тоа друг пат. Патеката , или прошетката по патеката е најубава во мај,( таква фотосесија веќе имам направено), кога се’ наоколу мириса и се слушаат звуци од појните птици. Убава е и есента, кога околу вас гледате раскош од бои. А каква е во симскиот период - погледајте сами.

























понеделник, 12 јануари 2009 г.

Regina- Pandev 2:3

Браво Пандев! Денес се надмина себеси... Нека ти е среќна веридбата, а вашата љубов вечна и благословена со многу деца!