четврток, 9 април 2009 г.

БУЧО низ фотографии (април ’09)






































Премногу е убаво за да не се сподели...

петок, 3 април 2009 г.

„ПОСЛЕДНИОТ ДЕН НА МИСИРКОВ“










Денес,(3.4.2009), на малата сцена во Домот на културата во Струмица, со учениците од петто до осмо одд. од Костурино, ја гледавме претставата „ Последниот ден на Мисирков“, текст на Јордан Плевнеш, а во режија на Дејан Пројковски.
Иако претставата беше тешка за следење, моите ученици ја следеа со најголемо внимание, за што по завршувањето на претставата беа и пофалени од страна на актерот Бранко Бенинов. Се надевам дека децата, од оваа претстава, научија многу повеќе за животот и големината на овој наш великан, отколку она што им се нуди на часовите по македонски јазик,( и јас не знаев дека зборувал 26 јазици и единствен Македонец кој го знаел и санскритот).

сабота, 14 март 2009 г.

ОПЕЛ ВЕКТРА










Денес, 14.3. 2009 г. од страна на Владата на РМ е прогласен за Ден на дрвото, по иницијатива на познатиот баритон од светски глас, Борис Трајанов и Љупчо Бубо Каров. Идејата – секоја година да се засадуваат по два милиона дрвца е благородна и за поздравување. Но, наместо да ви ја документирам радоста со која децата ги садеа дрвцата, ќе морам да ви раскажам низ слики за еден немил настан...

Утрово, (околу 3 часот), непознато лице со потекло од едно радовишко село, со голема брзина удрило со украденото возило ОПЕЛ ВЕКТРА во оградниот ѕид на подрачното училиште во Костурино, во делот на спортското игралиште.

Како што рече еден локален жител- Ѓаволот го натерал да дигне глава од радовишко, да оди дури во Николиќ, да му ја украде колата на човекот и да го урне овде ѕидот... а сега е во кома. Да си седел мирен, ова немало да се случи.

Токму на ова место, секое утро ние ја паркираме колата...



четврток, 5 март 2009 г.

МАЈСТОРИЈА НА ПАНДЕВ

На натпреварот Лацио-Јувентус, што се одржа во Рим,во рамките на Копа Италија, истата ноќ кога Струмица се тресеше во карневалската треска (3.3.2009) нашиот Горан Пандев постигна мајсторски гол и го изедначи резултатот на 1:1, по што следуваше и голот на Роки за конечна победа на Лацио.