четврток, 20 март 2008 г.
четврток, 13 март 2008 г.
четврток, 6 март 2008 г.
РЕАЛИЗАЦИЈА НА СОНИШТАТА од детството
Кога бев дете, мечтаев да го гледам соговорникот по телефон. Истата фантазија ја имал и синот на професорот Георги Сталев (загинал во сообраќајна несреќа кога бил полуматурант) и својата фантазија ја запишал во својот ДНЕВНИК, во кој патувал и во иднината, а ја нарекол ТЕЛЕФОНОВИЗИЈА. Денес тоа е реалност и за мене, но не се вика така...но сеедно, ја има истата функција. Во понеделникот, за само 500 денари, со син ми Александар „ здруживме капитал“ и купивме веб-камера. Неа планирав да ја купувам, но подоцна. Сега со нејзина помош и програмата СКАЈП моите соговорници ќе можат да ме гледаат. Засега ме виделе братучетка ми Снешка (од Битола ), Кучето ( Светислав Ракиќ- професор по македонски, поет и писател, и форумџија од Штип), Драги Јанев- новинар и енигматичар од Струмица и другар ми Пушкаров Васе- сопственик на менувачница и салон за мебел во Струмица. Камерата има многу можности, покрај основната намена, со неа се прават фотографии и клипчиња... а останатите можности, ако ги има, допрва ќе ги откриваме...
сабота, 1 март 2008 г.
ПРОШЕТКА ДО СВ.ИЛИЈА
На 1.03.2008 ја реализирав со моите ученици (уште од есента) најавуваната прошетка до манастирот св. Илија. Зборното место беше Ловен Дом...тргнување во два и пол. Децата дојдоа сите до еден. Стигнаа со комбето на Гулето (Бачев Драги) точно на време. Дојде (како што вети) и Александар (Аце) Јанков, младиот колега по физичко. Децата беа восхитени од убавата глетка што ја нудеше панорамата на Струмица. Кај некои од нив беше видлив стравот од висината и стрмнината, но потоа се адаптираа,само Билјана продолжи да се плаши. Речиси сите носеа или дигитални апарати, или модерни мобилни телефони со многу можности...мојот апарат беше најпрост, но сврши работа. По пат среќававме струмичани кои редовно се искачуваат до манастирот, а децата сите нив учтиво ги поздравуваа, заради што честопати добиваа пофалби...а јас се топев од радост, бидејќи сум воспитал добри ученици. Децата беа восхитени од глетките што ги нудеше околината и ме молеа редовно во саботите да доаѓаме. Без посебен напор се искачивме до манастирот,каде што јас и Александар се чувствувавме како холивудски глумци кои позираат пред новинарите или се сликаат со обожаватели... Времето за враќање го испланиравме добро, за да можат децата на време да стигнат на зборното место (кај црквата) каде што ги чекаше комбето. Се разделивме со ветување дека овие прошетки ќе ни бидат навика (кога во саботите времето ќе биде убаво).
Претплати се на:
Објави (Atom)















