среда, 10 септември 2008 г.

Разговор со Шишков


Деновиве во Струмица се одржува XVI фестивал на камерен театар „ РИСТО ШИШКОВ“. Фестивалот започна на 8. 9. со свечено отварање на изложбата „ Театарски плакати “ од Крсте Џидров, а први артисти, кои се претставија пред струмичкаѕа публика, беа артистите од НУЦК „ АЦО ШОПОВ “ од Штип. Секојдневно, на програмата на фестивалот се по две претстави, од 19.30 и втората од 22.00 часот.Фестивалот завршува со монодрамата „ LIKE ME “- со артист од Љубљана, Словенија.
Вечерва поминав откај Домот на културата, каде што се одржува фестивалот, за да се информирам и да ја разгледам програмата. Зад шанкот ме пречека познатиот струмички артист Мелев Ванчо, кој беше во функција на бармен, а на една маса лево, осамен седеше синот на големиот артист- Васил Шишков, и самиот артист. Без никаква најава му пријдов и го запрашав дали е расположен за краток разговор. Горостасното момче,( кое повеќа не е момче, туку зрел човек),од татка си ги украл очите, љубовта кон театарот и татковината, пријателски ми понуди да седнам спроти него. Беше сосем отворен и спремен за секаков разговор... се чини за него не постојат тајни. Самиот ми призна дека го носи товарот на брендот Шишков, и дека не му е баш лесно.
„Прашај го мојот пријател Игор, како му е , кога зад себе ги има имињата на дедо му и татко му.“- рече Васко.
На три години останал без љубовта на мајка си, пољачка Еврејка, чии гени сепак носи, како што и самиот признава.
„ Не знам како да ја викам- дали по име, мамо иили тетко... не ја чувствувам како своја мајка... таа само ме родила. Дваесет и шест години живеам без неа. Кога ми беше најпотребна , таа ме напушти. Понекогаш се прашувам- каква жена е таа? Дали заслужува да се нарече мајка? Јас си ја сакам другата мајка...онаа со која пораснав, што ме одгледа, втората жена на татко ми- балерината Весна Пуровска. Имам и сестра...неа никој не ја знае, а многу ја сакам, зашто е прекрасна личност. Таа е експерт за јазици.“
„ На шеснаесет години останав сам... ме одгледа улицата. Ги научив правилата и одлично играв...таа ми беше првиот факултет. Таа ме заглави, но и ме спаси.“
Му пречи ако фестивалот добие политичка димензија, бидејќи кај нас се е политика. Добив впечаток е добар соговорник, просто желен за искрен разговор... Не сака да го врти и другиот образ... на моето прашање - дали е православен, рече дека се вика Васил и дека тоа нешто говори. - Да, но христијаните простуваат... Веројатно си наследил нешто и од гените на мајка ти. - Можеби, но тоа е посилно од мене...

среда, 3 септември 2008 г.

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП

На 28. 08. во Штип, во ОУ„Гоце Делчев“ се одржа семинар за наставниците од општините- Штип, Струмица, Радовиш и Свети Николе, кои предаваат Македонски Јазик, Ликовно, Музичко, Физичко, Географија и Информатика, на кој се информираа за новите наставни планови и програмата за шесто одделение, во организација на Бирото за развој на образованието. Семинарот за македонистите го водеше советничката Нада Николовска. Откако не информира за промените и ни спомна за новиот начин на вреднување на наставниците(преку тестови на учениците, по случаен избор на паралелка), се премина кон изготвување на месечен план по групи. Атмосферата за работа беше тешка...беше многу жешко и спарно, главата ми паѓаше (ми се спиеше бидејќи до доцна во ноќта бев на блогот, а станав рано), а организаторот не не удостои ни со едно кафе. На заминување, со колегите од „Видое Подгорец“ седнавме на кафе во еден штипски кафиќ.

Од семинарот- Нада Николовска

Од семинарот

Работа во групи

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП- на заминување

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП- колешката од Свети Николе

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП- на кафе колегите

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП- на кафе колегите

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП- на кафе колегите

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП- на кафе

ОД СЕМИНАРОТ ВО ШТИП