петок, 26 јуни 2009 г.

26.06.2009 - Костурино
















Денес, во вонредни околности,(во училишниот двор), децата во Костурино ги добија своите свидетелства, за завршената учебна 2008/09 година, бидејќи училиштето се реновира. Се работи за проект финансиран од страна на Министерството за образование, а работите се веќе во тек. Дел од прозорците се веќе променети, а ќе се работи и на промена на патосот. Место по старите даски, децата од септември, (во Куклиш и Костурино), ќе газат по плочки од линолеум.

недела, 24 мај 2009 г.

ЗЕМЈОТРЕС

Синоќа, околу 1.25 струмичани беа вознемирени од краткотраен, но доволно силен земјотрес, за да се почувствува и вознемири. Денес околу 16. 33 повторно се тресеше земјата, првиот пат вертикално, како и синоќа, за да по 3 минути се повтори хоризонтално.
Нешто подоцна затресе посилно и подолготрајно...беше страшно, а се почувствувало и во Скопје. Епицентарот е некаде кај Валандово,во близина на селото Башибос, или 72км. североисточно од Солун, на 2км. длабочина.

сабота, 23 мај 2009 г.

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА



















Вечерва во домот на АРМ, со почеток во 20.00 часот, се одржа свечена академија по повод Денот на сесловенските просветители- 24 Мај, на која со свои точки се претставија учениците од основните училишта: „ Видое Подгорец“, „ Никола Вапцаров“, „ Сандо Масев“, „ Маршал Тито“,(сите од Струмица), како и моите ученици од „ Даме Груев“- Куклиш. На сцената можеа да се видат оркестрите и хоровите од основните училишта, под раководство на наставниците по музичко воспитување; прозвучи македонскиот збор преку песна, рецитација и драмска игра. Морам да им честитам на моите ученици од Куклиш за сериозниот пристап кон пиесата и за нивната актерска игра. Се надминаа себе си, а мене ми го обелија образот...добија громогласен аплауз, на кој веројатно долго ќе се сеќаваат.