четврток, 3 април 2008 г.

БУКУРЕШТ- НЕПРИЈАТЕН СПОМЕН


Букурешт ќе влезе во меморијата на Македонците како град каде за нас Македонците се носат непријатни решенија- 1913 Букурешт беше местото на злосторот, таму ја заклаа Македонија, па сега се влечат опашките од тоа злосторство; 2.4.2008 пак во Букурешт доаѓа до израз грчкиот шовинизам- Република Македонија без покана за влез во НАТО, беа поканети само Хрватска и Албанија. Веста се прими со разочарување, бидејќи беше суспендирано меѓународното право. Грција си игра мајтап не само со нас, таа за нос ги влече и големите сили, затоа што никој од нив не го осуди грчкиот фашизам, никој никогаш не им судеше на грчките монархофашисти за геноцид и етничко чистење, затоа што тоа се правеше со помош на Британија. Се гнасам од грчкото лицемерие што во моментов го слушам од Дора Бакојани, која вели дека негувале пријателски чувства кон граѓаните на ПЈРМ?!Ако вака се однесуваат кон пријателите, како се однесуваат кон непријателите?

недела, 30 март 2008 г.

Свети Наум - Охрид

Света Софија - Охрид

Охрид - старата чаршија

Прошетка по кејот на Охрид

Што гледале Робеви од најгорниот кат

МОИТЕ ПРВИ УЧЕНИЦИ-мај 1990, Јеловјане


Буричкајќи по старите фотографии, ја пронајдов оваа од 1990 година со учениците од V одд. во Јеловјане чиј одделенски раководител бев неколку месеци (второто полугодие). Овие деца сега сигурно одат на родителски средби, некои од нив сега сигурно се газди на слаткарници, бурекчилници...трговци.Имињата на некои од нив ги заборавив, но моите мали Торбеши уште долго ќе ги паметам...можеби додека сум жив.

сабота, 29 март 2008 г.

МАКЕДОНИЈА ПРЕД НАТО-самитот ВО БУКУРЕШТ

Се ближи денот кога (повторно, по 1913) во Букурешт ќе се носи важна одлука за Македонија.
Како одминува времето и тензиите растат. Полека испливува на површина грчкиот инает и нечиста совест која безобразно ја прекриваат. За нас приемот во НАТО е важен чин, ни нуди безбедност и ни ги отвара вратите за влез во Унијата.Но важно ни е и името Македонија, тоа за нас е прашање на идентитет. Откако Македонија ја прогласи својата независност, се соочува со пречки од своите комшии- Бугарија прва не призна, но ни го оспорува јазикот; Србија ни го признава јазикот и територијата, но не и самобитноста на МПЦ; Албанија не призна, но кришум работи на проектот- Голема Албанија(проект на Албанската Академија); Грција не призна, но ни го оспорува името и правото така да се викаме.Од самиот старт се соочивме со грчката непопустливост, па поради нив веќе направивме неколку отстапки-променивме неколку членови во уставот, -се откажавме од грижата за македонското малцинство во Грција,го сменивме знамето- со ѕвездата од Кутлеш,а 1993 станавме членка на ООН СО СМЕШНО И ПОНИЖУВАЧКО ИМЕ FYROM (под притисок на Грција). Грција , кога започнаа преговорите, се обврза да не го попречува, да не става вето ,на нашиот прием во НАТО. Кога преговараат две страни, логично е до решение да се дојде по пат на компромис, при што нема победници и поразени,т.е. и двете страни прават некакви отстапки. Од почетокот на преговорите до денес, грчката страна постојано условува и досега не направила ниту една отстапка, или можеби ни дозволуваат да дишеме од воздухот,да му се радуваме на сонцето, а на водите од Вардар помешани со фекалии од половина Македонија без визи им дозволуваат влез во Грција.
Во Македонија му се придава ,можеби и со право, судбинско значење на самитот на НАТО во Букурешт. Но, дали во НАТО и по цена на идентитетот? Што ќе ни е НАТО, ако сме обезличени? Во Македонија се поларизираа две струи : мека и попустлива, спремна на отстапки (онаа на СДСМ и претседателот на чело) и тврда и непопустлива онаа на Владата и ВМРОДПМНЕ (на чело со премиерот Груевски). На форумот на ИДИВИДИ, на темата За или против Демократска Република Македонија, јас застапував став,дека ова име не е навредливо (во споредба со БЈРМ) и дека е прифатливо со оглед на настаните во околината. Наидував на жестоки полемики, но мојот став еволуира деновиве, откако сватив дека Грците и немаат намера за спогодба...нивната цел е перманентна криза.Штом во Македонија ќе се создаде некаква позитивна клима за некое ново име , кое за нас не е така навредливо, тие го менуваат ставот и имаат нови побарувања. Со нив нема спогодба. Тие би сакале да не нема. Да се откажеме од имотите на протераните Македонци... Некои се до тој степен дефетисти, што почнаа да шират хистерија дека ако сега не влеземе во НАТО, за десетина години ќе не снемало како држава. Добро е што зад нас е Америка...таа е живо заинтересирана да влеземе во НАТО и притиска да се изнајде решение што нема да е навредливо за нас. Америка не призна под уставното име и немаше разбирање за грчкиот каприц. Во НАТО или надвор од него, ќе опстои овој народ. Не чекавме 2000 години да направиме држава, па да се распрсне како меур од сапуница. Сме издржале и полошо, па пак сме опстоиле...жилав е овој народ, како пиреј...само му требаат добри лидери, а не подвиткани опашки.

четврток, 6 март 2008 г.

РЕАЛИЗАЦИЈА НА СОНИШТАТА од детството

Кога бев дете, мечтаев да го гледам соговорникот по телефон. Истата фантазија ја имал и синот на професорот Георги Сталев (загинал во сообраќајна несреќа кога бил полуматурант) и својата фантазија ја запишал во својот ДНЕВНИК, во кој патувал и во иднината, а ја нарекол ТЕЛЕФОНОВИЗИЈА. Денес тоа е реалност и за мене, но не се вика така...но сеедно, ја има истата функција. Во понеделникот, за само 500 денари, со син ми Александар „ здруживме капитал“ и купивме веб-камера. Неа планирав да ја купувам, но подоцна. Сега со нејзина помош и програмата СКАЈП моите соговорници ќе можат да ме гледаат. Засега ме виделе братучетка ми Снешка (од Битола ), Кучето ( Светислав Ракиќ- професор по македонски, поет и писател, и форумџија од Штип), Драги Јанев- новинар и енигматичар од Струмица и другар ми Пушкаров Васе- сопственик на менувачница и салон за мебел во Струмица. Камерата има многу можности, покрај основната намена, со неа се прават фотографии и клипчиња... а останатите можности, ако ги има, допрва ќе ги откриваме...

ЈАС- фотографија со веб- камера

АЛЕКСАНДАР И МАЈКА МУ ( Зорица )

МАЈКА МИ (баба Вера)

ВЕРИЦА- фотографија со веб-камера

ВЕРИЦА- фотографија со веб-камера

сабота, 1 март 2008 г.

ПРОШЕТКА ДО СВ.ИЛИЈА

На 1.03.2008 ја реализирав со моите ученици (уште од есента) најавуваната прошетка до манастирот св. Илија. Зборното место беше Ловен Дом...тргнување во два и пол. Децата дојдоа сите до еден. Стигнаа со комбето на Гулето (Бачев Драги) точно на време. Дојде (како што вети) и Александар (Аце) Јанков, младиот колега по физичко. Децата беа восхитени од убавата глетка што ја нудеше панорамата на Струмица. Кај некои од нив беше видлив стравот од висината и стрмнината, но потоа се адаптираа,само Билјана продолжи да се плаши. Речиси сите носеа или дигитални апарати, или модерни мобилни телефони со многу можности...мојот апарат беше најпрост, но сврши работа. По пат среќававме струмичани кои редовно се искачуваат до манастирот, а децата сите нив учтиво ги поздравуваа, заради што честопати добиваа пофалби...а јас се топев од радост, бидејќи сум воспитал добри ученици. Децата беа восхитени од глетките што ги нудеше околината и ме молеа редовно во саботите да доаѓаме. Без посебен напор се искачивме до манастирот,каде што јас и Александар се чувствувавме како холивудски глумци кои позираат пред новинарите или се сликаат со обожаватели... Времето за враќање го испланиравме добро, за да можат децата на време да стигнат на зборното место (кај црквата) каде што ги чекаше комбето. Се разделивме со ветување дека овие прошетки ќе ни бидат навика (кога во саботите времето ќе биде убаво).

ПАНОРАМА НА СТРУМИЦА

АЦО, СЛИКАЈ НЕ...

АТАНАС, ЈАС И ГРУПА ДЕВОЈЧИЊА

ПОРОЈОТ НА МОЕТО ДЕТСТВО

ДЕВОЈЧИЊА НА МОСТОТ

НИКОЛИНА, РОНЧЕ, ПАВЛИНКА, КАТЕРИНА И НАТАША

ШУМСКА ПАТЕКА

ОДМОР КАЈ ЛАДНАТА ВОЈЧКА

ГРУПА УЧЕНИЧКИ

ИСКАЧУВАЊЕ УГОРНИЦА

УБАВО МЕСТО ЗА СЛИКАЊЕ

ВОДОПАДОТ

ЈАС покрај сувиот светиилијски водопад

АЦЕ, СИЛВАНА И ЈАС на водопадот

ПОГЛЕД КОН ЦАРЕВИ КУЛИ

ЛЕЛЕ ШТО СМЕ УБАВИ...

ЈАС И АЦЕ СО МОИТЕ УЧЕНИЦИ

стојат: Јанко,Наташа и Павлинка. клечат:Билјана, Ронче,Катерина,Николина и Тинка

ЈАС И БИЛЈАНА

КАТЕРИНА И ЈАС

НИКОЛИНА, ЈАС И ТИНКА

РОНЧЕ, ЈАС И НАТАША во дворот на манастирот

ПОГЛЕД КОН КУЛАТА

четврток, 21 февруари 2008 г.

ГРЦИЈА И ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО

Нашиот јужен сосед - Грција (или Елада,како што самите милуваат да ја нарекуваат) западниот свет ја нарекува „ ЛУЛКА НА ДЕМОКРАТИЈАТА“...но денешните Грци,кои себеси се нарекуваат -потомци на некогашните Хелени, од демократија немаат ни Д. И тоа не од сега,кога на својот северен сосед кој пред 17 години се осамостои како независна држава, а произлезе (на мирен начин ) од СФРЈ. Проблемот на Грција е многу стар, своите корени ги влече не од 1948- кога изврши етничко чистење на територијата на Егејска Македонија; не од 1913 -кога вршеше геноцид во Егејска Македонија, која ја доби како воен плен на букурешкиот мировен договор (доби 51 % од вкупната територија на етничка Македонија);- туку од поодамна... уште од времето на Филип II и АлександарIII (Македонски или Велики). Огромна е разликата меѓу некогашните Грци и некогашните Македонци. Тие се разликувале по многу нешта. Грците имале високо мислење за себе и од високо гледале на сите негрчки народи (меѓу нив и на Македонците) нарекувајќи ги -варвари... значи шовинизмот кај нив има традиција. Додека грчките полиси живееле во постојана неслога и меѓусебни војни, Македонија била унитарна држава на чие чело стоел крал , чија моќ се протегала на територијата на целата држава. Тој во исто време бил и врховен воен заповедник над редовна платена војска, која во случај на војна се дополнувала од резервен состав во кој влегувале сите здрави и способни мажи . Во тоа време -грчките полиси немале редовно обучувана војска ( освен Спарта). Нивната трговска флота во случај на војна преминувала во воена, а војниците биле занаетчии и трговци. Постоела разлика и во јазиците, а јазикот е најсилен белег на една нација. Потврда за ова дава и Харолд Ламб, кој својот роман за Александар Велики го пишувал според римски и старогрчки извори, а и едните и другите се потпирале на дневниците што на својот поход кон исток ги воделе Александар и најбиските негови соработници. Во романот, Харолд Ламб на неколку места прави разлика меѓу македонскиот и грчкиот јазик,т.е. кога им се обраќал на своите војници, Александар зборувал македонски, а кога сакал сите да го разберат, се обраќал на грчки, на што македонските војници му замерувале. Современик на ФилипII и Александар Македонски е најголемиот грчки говорник Демостен. Тој сиот живот го посветил на антимакедонската кампања, т.е. држејќи жестоки говори против Филип . Во тоа време во Атина имало две партии- едната промакедонска, а другата антимакедонска на чие чело стоел тој, Демостен. Тој го предупредувал грчкиот народ од опасноста што со себе ја носи сојузот со Македонија, бидејќи тоа нема да биде сојуз, туку вазален однос, при што грчките полиси ќе бидатставени во понижувачка улога. Ако Демостен е Грк, а во тоа нема сомневање, а Македонците се варвари и поробувачи, како може денес Грците да тврдат дека Александар бил Грк. Не може во исто време и едниот и другиот да бидат Грци. Чудно, до сега не се памети некој народ до заслепување да го обожава својот поробувач.
Во 1913 во Букурешт Македонија беше заклана... најголемиот дел од вкупната територија на Македонија доби Грција- 51%, иако грчкото население таму беше во малцинство. Најголем дел од народот во тој дел од Македонија беа Македонци и Турци, а покрај Грци , имаше и Евреи, Власи, Ерменци, Цигани и др. Најголем дел од обработливата земја, пасиштата и шумите беа во посед на Македонците и Турците, кои беа земјоделци и сточари. Грците го населуваа крајбрежниот појас и се занимаваат со риболов и трговија. Солун во тој период беше отворен трговски град во кој мнозинството го чинеа Евреите, Турците, Македонците, Ерменците, Циганите...Грците беа малцинство. Британските агенти ја советувале тогашната грчка влада да го мотивира грчкото население да купува земја и да се занимава со земјоделие, ако сака да ја задржи Македонија и да работи на демографската политика... на етничкиот состав на Егејска Македонија. Потоа започнува процесот на етничко чистење и геноцид, за што никој не ја обвини Грција. Во неколку наврати, Грција направи размена на население со Бугарија и Турција , при што македонското население, без известување и без негова волја беше протерувано од своите вековни огништа и упатувано во Бугарија, а турското население кон Турција. На нивно место беа населувани Грци и Власи од Бугарија и од малоазискиот брег. Беа носени и Грци од Русија, од Кавказ... Како резултат на таквите размени - Мелник станал пуст, град на духови. Но и тоа не било доволно... Грци од пасивните острови биле упатувани по плодните македонски полиња како аргати, кои никогаш не се враќале назад, ами се женеле со македонски девојки и според грчките обичаи добивале земја како мираз. Мирното македонско население, кое дотогаш живеело во етнички чисти села, не го знаело грчкиот јазик и го немало тој обичај, но мешајќи се со грчкото население, го прифатило обичајот. Грчката влада го забранува македонскиот јазик, дури и за домашна употреба. Таков шовинизам историјата не памети.
Кога заврши Втората Светска Војна, во Грција се разви граѓанска војна. На една страна беа оние што ја извојуваа слободата борејќи се против фашизмот- грчките комунисти , чие мнозинство беа Македонците и монархофашистите отворено помагани од Британија, која до вчера се бореше против фашизмот. Грчката Комунистичка партија беше единствената која покажа спремност за решавање на македонското јазично прашање, т. е. единствено таа изрази спремност да им дозволи на Македонците образование на свој мајчин јазик, поради што македонскиот народ застана на нивна страна. Исходот од таа војна одамна беше познат- победата ја однесоа монархофашистите отворено помагани од Британија и веднаш се пристапи кон етничко чистење на територијата. Македонците беа разнебитени во речиси сите земји на социјалистичкиот лагер и се разбира во Југославија. Од оние што беа протерани кон границата со Југославија, најголем дел остана во Македонија, но добар дел беше транспортиран за Војводина. Македонските бегалци се најдоа низ прифатните логори во Бугарија, Романија, Полска, Чехословачка, Русија... а еден добар дел помина преку океанот и стигна во Австралија, Америка, Канада... При транспортот, не се водело сметка фамилиите да бидат комплетни, туку штом ќе се натоварел некој вагон ( најчесто товарен ) се затварала вратата и останатите се товареле во следниот вагон. Неретко се случувало- мајката со две деца да се најде во вагон за Бугарија, а останатите деца во вагон за Русија... а имало фамилии чии членови биле разнебитени во три држави. Како некој да сакал на овој народ да му го сотре семето. По Втората Светска Војна започнаа Нирнбершките процеси... на германските фашисти им се судеше за нивните злодела над Евреите... над човештвото. На грчките фашисти никој и никогаш не им судеше до ден денес. Нивните злодела не само што не беа казнети, за да биде иронијата поголема - беа славени! Никос Казанѕакис за својата новела „ Алексис Зорбас“, во која главниот јунак, родум од Крит, е член на андартските чети што пустошеле, убивале, палеле и силувале низ Македонија. Членовите на Шведската Академија дали претходно ја прочитале новелата, пред да го наградат... замислете нобелова награда да добиеше германски писател чиј главен лик со задоволство се присеќава на злосторствата што им ги правел на Евреите во некој од логорите на смртта... кај ќе му беше крајот? Дали ќе се печатеше таква книга... а камоли да биде наградена. Згора на се, нашите недоветни литературни критичари го разгледуваа како веселник со широка душа и го вметнаа во лектирите за средните училишта, за да му се восхитуваат младите генерации... каков мазохизам. Подоцна во нашите локали беше хит музиката од филмот, а љубителите на сиртаки се обидуваа во играњето да го имитираат грчкиот веселник што колел Македонци, палел села и силувал Македонки. Па дури беа горди на податокот дека почива во Скопје. А деновиве на интернет налетав на блог што го носи неговото име, а креаторот на блогот е погодете- Македонец!
Грција нема проблеми со името, Грција има проблеми со минатото... на Грција како планина и тежат злосторствата над Македонците, чија земја ја обработуваат дојденците од Кавказ, од малоазискиот брег, од пустите грчки каменливи острови на кои освен кози не вирееше друга стока... Земјата ја користат дојденците, а во катастарот стојат имињата на оние што ги протераа. Кога - тогаш правдата ќе ги стигне... ако не европските судови, тогаш Бог - кој се гледа и кога- тогаш казнува.

петок, 4 јануари 2008 г.

ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Веќе една година сум на интернет и се изначитав секакви „ вистини “ за постоењето или за бугарските корени на македонската нација. Едни тврдат дека сме директни потомци на некогашните Македонци , други дека сме некаква мешавина, а трети дека сме „чисти Бугари “, почисти и од оние во Бугарија. Основен и најсилен белег на една нација е јазикот, покрај заедничката историја, културно наследство, обичаи, религија. Факт е дека современиот македонски јазик, како и јазикот на денешните Бугари има словенска основа и за разлика од останатите словенски јазици има член ( определеност ), а нема падежни наставки. Блискоста со бугарскиот јазик е поголема од останатите соседни словенски јазици, што е и природно со оглед на заедничките корени , географскиот простор и вековната заедничка историја. Но, сличноста или блискоста не подразбира идентичност. Со кое право денешните Бугари , кои себеси си дозволуваат без срам и перде да се нарекуваат Бугари , кога не се , им го оспоруваат тоа право на своите соседи кои се идентификуваат како Македонци. За себе велат дека се Бугари, а не се , а за јазикот дека е бугарски , а не е! Да се потсетиме малку на историјата- Протобугарите, (како што милуваат тие да ги нарекуваат вистинските Бугари ) воопшто не биле Словени, туку татарско племе, кое веројатно имало некој свој јазик, кој ни оддалеку не бил сличен со словенските јазици. Првите нивни владетели биле ханови (Хан Кубрат, Хан Крум, Хан Аспарух...) додека Словените својот владетел го нарекувале кнез ( кненѕ, књаз ). Денес тешко ќе најдете Бугарин кој ќе ви одговори на прашањето - Кој е првиот бугарски владетел од словенско потекло ? иако сите ја сакаат историјата. Една вечер во „ ШОУТО НА СЛАВИ “ гостуваше човек кој за себе рече дека е Бугарин и дека со тоа име се идентификува народот на кој му припаѓа а кој не ужива никакви малцински права во (ми се чини ) Казакстан. Слави беше пресреќен дека ете си ги нашол корените и изненаден од фактот дека и покрај тоа што се далеку од матичната држава, Бугарите успеале да си ги зачуваат обичаите, името и јазикот. Но, остана со отворена уста кога овој му рече дека јазикот што го зборува неговиот народ нема никаква врска со јазикот на кој зборуваат Бугарите во Република Бугарија. Значи има два бугарски народа, два бугарски јазика кои не се ни слични. Се поставува прашањето кои се вистинските Бугари и кој го зборува вистинскиот бугарски јазик ? А ако едните се вистински, тогаш другите се во заблуда или свесно лажат и другите ги ставаат во заблуда! Современата бугарска историја, кога е во прашање бугарската нација, вели дека таа е амалгам од некогашните тракиски племиња (како староседелци ), (прото)Бугарите и Словените , а во поново време во создавањето на кодот на бугарската нација се тврди дека свој белег оставиле и Готите, кои на овие простори пустошеле околу четири века. По истиот принцип, македонските историчари тврдат дека сме амалгам од античките Македонци, (како староседелци ) со кои по примањето на христијанството , почнале да се мешаат Словените . Доминантен елемент е словенскиот, а од античките Македонци сме го наследиле името. Во тоа не сме единствени. На денешните Французи не им пречи што се нарекуваат така , иако сите знаат дека тие се потомци на некогашните Гали, а Франките биле германско племе. Денес , во медерна Европа никој не им прави проблем . Нашите јужни соседи државата си ја нарекуваат Елада, а цел свет ги вика Грци, а нам ни оспоруваат да се нарекуваме Македонци . Знамето пред кое стојат простум сите Грци е баварско, (со себе го донел принцот Отон ) и тоа никому не му пречи. Ако Французите не се Франки , а така се нарекуваат, ако Бугарите не се Бугари, а така се нарекуваат, со кое право нам ни оспоруваат да се нарекуваме Македонци? Па нели прашањето за националната припадност е прашање на лична определба .

понеделник, 31 декември 2007 г.

2 0 0 7

Годинава што полека изминува и за неколку часа ќе и го отстапи местото на долгоочекуваната 2008, помина во знакот на Тоше и
Пандев . За Тоше се е кажано, неповторлив глас, прекрасни песни, уште подобри изведби,досега невидена позитивна енергија и каризма од голем калибар. Со својата музика и љубовта кон сите ги обедини раскараните балкански племиња. Неговата прерана смрт само ќе ја зголеми неговата популарност, а секако беше настан на годината. Малку ми смета лицемерноста на некои што додека беше жив Тоше ,слушаа се што доаѓа северно од Куманово , па дури и ѓубрето од кое и самите Срби се срамат, а откако загина дознаа дека токму тој бил најдобар. 2007 ќе ја паметиме и по успешното деби на Горан Пандев во лигата на шампионите и по двата гола што му ги даде на најдобриот голман од последното светско првенство - Џанлуиџи ( Џиџи ) Буфон на еден натпревар. Ќе го паметат Пандев и фановите на Реал, им даде три гола. Неговата цена расте а очекувам 2008 да блесне со уште поголема светлина. Господ нека го чува ,а тој ќе ни приредува уште многу пријатни моменти поради кои ќе имаме причина да се гордееме што сме Македонци. На сите што ќе го посетат мојот блог им посакувам многу здравје и среќа во новата 2008 година и Господ нека Ве благослови, останатото со работа и упорност се постигнува.

понеделник, 17 декември 2007 г.

АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ (биографија)


Роден е во градот Таганрог на 17 (29) јануари 1860 год. , а умрел 2 (15) јули 1904 год. Во Баденвејлер ( Јужна Германија ). Погребан е во Москва .
Татко му – Павел Егорович Чехов (1825-1898 ), а мајка му била Евгенија Јаковлевна (родена ) Морозова ( 1835 – 1919 ) .
Браќа и сестри : Александар – писател , лингвист ( 1855 – 1913 ); Николај – сликар ( 1858 – 1889 ) ; Михаил – писател , правник ( 1868 – 1936 ) ; Иван – учител ( познат московски педагог ) ( 1861 – 1922 ) ; Марија – сликарка , пејзажистка (1863 – 1957 ) . Сите деца на Чехови биле исклучително надарени , високообразовани луѓе.
Татко му – Павел Егорович бил интересна личност. Со трговија се занимавал без особен интерес, поголем дел од своето внимание го посветувал на црковните служби, пеењето и на општествените работи. Семејството било традиционално – патриархално : децата ги воспитувал во строгост, често применувајќи и телесни казни, безделничењето никому не му било дозволено. Покрај учењето во гимназијата, синовите на Павел Егорович понекогаш му помагале на татка си во работата, а навечер пееле во хорот. Таткото прекрасно свирел на скрипка и пеел, Маша го придружувала на фортепијано, а заедно образувале целосна музичка семејна претстава.
Мајката – Евгенија Јаковлевна, прекрасна домаќинка, целосно му го посветила животот на децата и на сопругот. Но, при тоа страсно го сакала театарот. Во раната младост таа го посетувала таганрогскиот приватен пансион на благородни девици, кадешто ги изучувала танците и убавите манири. Евгенија Јаковлевна извршила огромно влијание врз формирањето на карактерот на своите деца, воспитувајќи ги на одговорност, почитување, сочувство и милосрдие кон послабите и угнетените , љубов кон природата и светот. Антон Павлович постојано нагласувал : „ Талентот го наследивме од татко ми, а душата од мајка ми “ .
Во 1876 год. следува преселба на семејството на Чехови во Москва. Трговијата во Таганрог станала убиствено лоша, Павел Егорович пропаднал и бил принуден да бега од кредиторите.
Во Москва семејството на Чехови долго, речиси три години живее во тешка сиромаштија. Но и покрај тоа, сите деца го продолжиле образованието, а Антон заработувајќи за живот со репетиторство, останува до завршувањето на гимназијата во Таганрог. Во Москва пристига дури во 1879 година за да се запише на медицинскиот факултет на Московскиот универзитет, каде што ги слуша предавањата на знаменитите професори Н. Склифовски, Г. Захарин и др.
Во 1880 год. во број 10 од списанието „ Стрекоза “ се појавуваат неговите први печатени текстови. Во тоа време започнува литературната дејност на Антон Павлович Чехов. Тој соработува со списанијата „ Гледач “, „ Будилник “ и други. Најчесто објавува кратки раскази , хуморески, сценки, потпишувајќи



ги со псевдонимот – Антоша Чехонте. Во 1884 година од печат излегува првата книга со раскази од Чехов „ Сказните на Мелпомена “.
По завршувањето на универзитетот, Чехов започнува да работи како општ лекар во Воскресенска ( сега градот Истра ), во болницата на познатиот лекар П. А. Архангелск. Се појавуваат расказите „ Беглец “ и „ Хирургија “. Потоа Чехов работи во Звениград. Се појавуваат теми за расказите „Мртво тело“ и „Сирена“.
Со доаѓањето на пролетта 1885 година, семејството на Чехови пристига на селскиот имот Бабкино, недалеку од Воскресенска ( Чеховска Истра ), кај своите добри пријатели и подолго остануваат таму. Тоа на најдобар начин се одразило на творештвото на Антон Павлович. Прекрасна природа, разговори за музика, уметност, литература, дружење со сликарот Левитан. Чехов многу и плодотворно работи.
По враќањето во Москва, во 1886 година, Чехов добива охрабрувачко писмо од писателот Д. В. Григорович, патува во Петербург, за да му изрази почит и признание. Во Петербург тој неочекувано добива понуда за работа од познатиот издавач А. С. Суворин во весникот „ Ново време “. Од тој период потекнуваат збирките „Одбрани раскази“ ( 1886 ) и „ Невини зборови “ ( 1887 ). Во почетокот на регуларната соработка со весникот Чехов се откажува од псевдонимот и почнува да се потпишува со полното име и презиме.
Во 1887 год. на сцена се поставува првата пиеса на Чехов „ Иванов “. Најпрво таа била поставена во Москва, во театарот на Корш , многу популарен кај московската публика.
Ф. А. Корш – страстен љубител на театарот, автор и преведувач на пиеси, добар претприемач, изградил во 1882 година театар за многу кратко време. За десетгодишната дејност на реатарот, во којшто настапувале познатите В.Н. Давидов, Глама – Мештерскаја, Рипчинскаја, Мартинова, Кошева, Красовскаја, спектаклите ги виделе повеќе од 1 500 000 гледачи, а на репертоарот биле поставени повеќе од 500 пиеси. Главната заслуга на Корш се состоела во тоа што тој вовел утрински бесплатни претстави од класичниот репертоар, коишто масовно ги посетувала младината.
На 19 ноември се одржала премиерата на пиесата од Чехов „ Иванов “. Реакциите на публиката биле различни: некои громогласно аплаудирале, некои свиркале, некои скокале од своите места и тропале со нозете, а на галеријата едноставно започнала тепачка. Но во целост претставата имала успех, дури била и забележена. Чехов го забележале, драматургијата и идејата на пиесата се покажале како нови и интересни. Започнала официјалната драматуршка дејност на писателот.
Во Петербург „Иванов“ одел со неколку исправки.
Во 1888 година семејството на Чехови се преселува во Лука, во близина на Сум, Харковска губернија, во вилата на земјопоседниците Линтвареви, за да ја поминат таму пролетта и летото. Чехов имал потреба од нови места и нови сижеа за своите дела, а кашлицата се почесто почнала да го мачи писателот.



Антон Павлович во вилата ги прима своите другари, писателите: Плешчеев, Баранцевич, книгоиздавачот Суворин. Меѓу Суворин и Чехов ќе започне дружење , кое ќе трае многу години. Чехови во Лука поминуваат уште едно лето, 1889 година, но тоа е помрачено од смртта на братот на писателот – Николај. Тој настан силно ќе го потресе Чехова, па тој наскоро по погребот , ќе отпатува од Лука, почнува да се подготвува за патување во странство, но ќе се задржи во Одеса. Овде Чехов се запознава со младата артистка Панова, заради којашто во наредниот период, веќе во Москва, него безуспешно се обидуваат да го сфатат. По Одеса Чехов патува во Јалта, со него завладува депресија. Во Јалта започнува пријателството со сестрите Шаврови. Со една од нив, Елена Михајловна, писателка, во наредниот период ќе се допишува, ветувајќи и помош околу издавањето на нејзините дела и давајќи и професионални совети. Враќајќи се во Москва, Чехов активно ќе се зафати со литературна работа. Од перото на Антон Павлович излегуваат „ Досадна приказна “ и пиесата „Леши“.
Пиесата „Леши“ била лошо изведена, па самиот Чехов ја симнал од репертоарот и по неколку години, откако ја преработил, и дал нов наслов „Вујко Вања“.
Во домот на Садово – Кудринска се напишани исто така : повеста „Степа“, водвилјите „Мечка“ и „Лебедева песна“, и повеќе од сто раскази.
При тоа во домот постојано имало гости. Додека на вториот кат вриело од млади, звучело фортепијаното, течеле разговори, за тоа време на првиот кат, Чехов седел покрај масата и пишувал. Во тој дом Чехов се запознал со Л.С. Мизинова, „прекрасната Лика“, како што подоцна ја нарекол. Многу убава, весела, умна, Лика станала миленичка во семејството на Чехови. Во домот на Чехови доаѓале Петар Илич Чајковски, Григорович, познатите во тоа време артисти А.П. Ленски и В.Н. Давидов, издавачот Лејкин, писателот Н.С. Лесков. Четвртата збирка раскази „Тмурни луѓе“ Чехов му ја посветил на Чајковски. Во 1888 година со решение на Академијата на науките, писателот добива половина од Пушкиновата награда за својата трета збирка раскази „Во самракот“. Не осврнувајќи се на се поголемата популарност и огромните литературни успеси, Чехов незадоволен од себе, се стреми не кон слава, туку кон креативност.
Во 1890 година Чехов се упатува кон Сибир, за потоа да го посети островот Сахалин – место каде издржувале казна осуденици на тешка робија. Патувањата по сибирските реки и патишта писателот во сета полнота ги опишал во есеите „По Сибир“.
Патувачката работа завршила со пристигањето на Чехов на Сахалин. Тој направил попис на населението на островот, направил околу десет илјади статистички податоци. Било собрано огромно количество документарен материјал за работата, за животот на сахалинските робијаши и локалните жители, за затворските началници и чиновничкиот апарат. Чехов го посетил затворот, потполно ја проучил техничката и санитарната состојба, се среќавал




и разговарал со многу луѓе. По враќањето од Сахалин, Чехов ги систематизирал своите записи и ја напишал книгата „Островот Сахалин“. Тоа дело предизвикало огромно бранување во Русија. На Сахалин му посветиле внимание официјалните лица. Министерството за правда и Главната затворска управа испратиле на Сахалин свои претставници. Сахалинскиот лекар Н.С.Лобас рекол: „Со лесната рака на Чехов Сахалин почнаа да го посетуваат како руски, така и странски иследници.“
Маршрутата на Сахалинското патешествие била следната: од Јарослав по Волга до Казан, потоа по Кама до Перма, оттаму по железничка линија до Тјумен, а потоа низ целиот Сибир на тарантас (вид руска запрежна кола) и по реките. На Сахалин Чехов поминал повеќе од три месеца, потоа низ Индискиот Океан, Суетски Канал, Средоземно и Црно Море. Ги посетил Јапонија, Хонгконг, Сингапур, Цејлон, Константинопол, пристигајќи во пристаништето на Одеса, тој со воз се враќа во Москва.
По некое време се појавуваат есеистичките записи „Од Сибир“ и „Островот Сахалин“, а исто така и такви дела како што се „Гусев“, „Во прогонство“, „Расказ за непознатиот човек“, „Убиство“.
Животот во Москва после таквото патување на Чехов му изгледа досаден, па тој се упатува во Петербург, за да се сретне со Суворин. Тие решаваат заедно да патуваат во Западна Европа и ги посетуваат Виена, Болоња, Венеција, од којашто Чехов е восхитен, а исто така и од Фиренца, Рим, Неапол, кадешто писателот се искачил на Везув. Од Ница Антон Павлович се упатил кон Монте Карло, каде на рулет губи 900 франци, потоа во Париз.
По враќањето Чехов оди во Алексин, каде што помладиот брат Михаил изнајмил вила на брегот на Ока. Но Чехови наскоро го менуваат местото, пристигајќи на селскиот имот Богимово, кој му припаѓал на локалниот земјопоседник Е.Д. Колосовски. Куќата на селскиот имот била велелепна, со огромни соби, прекрасна градина, со алеја од липи, со вештачки езера и рибници. Писателот бил восхитен. Секое утро тој станувал во четири часот, пиел кафе и седнувал да работи, не покрај маса за пишување, туку на прозорската даска. Тука ја напишал „Дуел“, ги систематизирал сахалинските забелешки. Чехов работел до единаесет часот, потоа одел во шумата по печурки или на риболов. Во еден часот семејството ручало, а во три Чехов повторно се зафаќал со работа до самата вечера. По вечерата често им доаѓал на гости еден од локалните сопственици на вила – зоологот Вагнер, подоцна станал познат професор. Со него започнувале дебата на тема дегенерација, за правото на посилниот и т. н. впрочем Вагнер се јавува како прототип на фон Корен во „Дуел“.
Во 1891/92 година дел од средна Русија и Поволожјето после сушата преживуваат силен глад. Чехов организира донации во прилог на гладните од Нижеградската и Воронешката губернија, а самиот двапати оди таму. Чехов е разочаран бидејќи за состојбата во селата нема објективни статии во весниците,



дека дописниците ги знаат селата „само по Хлеб Успенски“. Во тоа време Чехов го пишува расказот „Жена“.
Во 1892 година Чехови купуваат имот во Мелихово. Дамнешната мечта да живее во село, да биде земјопоседник му се остварила. Имотот (фармата) се наоѓал во селото Мелихово во Московската губернија, бил во запуштена состојба. Во месец март семејството , кое се состоело од таткото, мајката, сестрата Марија и самиот Антон Павлович пристигнало во Мелихово. Во прво време со нив живее и помладиот брат Михаил. Започнале работите околу реконструкцијата на куќата и околината. Чехов со огромен ентузијазам се зафатил со работа. Во домот на Чехови секој имал своја домаќинска улога: Павел Егорович, благообразен старец, некогаш строг и во некој степен деспотски воспитувач, сега во потполност му го признавал приматот на Антона. Во неговите задачи влегувала грижата за градината. Мајката, Евгенија Јаковлевна, го водела домаќинството, станувала порано а легнувала последна. Сестра му Марија се грижела за цветната градина, при тоа таа редовно патувала во Москва, бидејќи била учителка во гимназија. Михаил водел грижа за полското стопанство, тој дури се преместил на служба во Серпухов, за да биде поблизу до Мелихово. Павел Егорович започнува да води свој дневник- лаконски летопис за животот во Мелихово, одразувајќи ја состојбата на природата, домаќинството, посетите на многубројните гости, доаѓањето и заминувањето на роднините.
Мелиховскиот период не е само вдахновена литературна работа на Чехов и активна медицинска практика, туку е и колосална општествена дејност на писателот. За време на епидемијата на колера Чехов работи како земски лекар и опслужува 25 села. Отвара со свои средства медицински пункт во Мелихово, прима огромен број болни и ги снабдува со лекови. Во Мелихово и во неговата околина Чехов гради три училишта за селските деца, камбанарија и амбар за селаните. Учествува во поставувањето на автопатот на Лопасна, лобира за да почнат да застануваат брзите возови на лопасненската железничката станица и таму да се отвори пошта и телеграф. Освен тоа организира засадување на илјада вишнови стебла, пошумување на голините со ариш, брест, јавор,бор и даб.
Во Мелихово, на Чехов му доаѓа идеја да создаде народна библиотека во родното место Таганрог. Писателот за таа цел жртвува повеќе од две илјади томови сопствени книги, меѓу кои голем број уникатни изданија со автографи и музејска вредност, а исто така во библиотеката отворил и галерија со портрети на дејци од науката и уметноста. Во наредниот период Чехов постојано испраќа книги во библиотеката и тоа во големи количини.
И покрај тоа што патот бил тежок, (понекогаш од станицата морало да се пешачи по 12 врсти), кај Чехови постојано доаѓале гости. Често доаѓал сликарот Левитан, којшто црпел инспирации од скромните мелиховски пејзажи. На гости доаѓале многу писатели, артисти, музичари, луѓе од науката, постарите браќа со семејствата, роднини од Таганрог. Доаѓале актерките: О.Л. Книппер,



Т.Л. Шчепкина - Куперник, Д.М. Мусина – Пушкина. Често навраќале другарките на Марија Павловна, сликарките Хотјаинцева и Дроздова и секако Лика Мизинова.
Чехов не води живот на селски заточеник. Тој често патува за Москва и Петербург, каде што се среќава со писатели, сликари, артисти, посетува театри, концерти, оди во редакциите на списнијата и весниците, учествува на литературни читања, јубилеи, официјални ручеци и т.н. Појавата на Чехов предизвикува голем интерес во творечките кругови. Во 1895 година Чехов ја посетува Јасна Полјана , за да се запознае со Л.Н. Толстој, кој што одамна го очекувал тоа. Подоцна Чехов и Толстој често се среќавале на Крим.
Во Мелихово, не осврнувајќи се на постојаниот круг гости, кои искрено речено, не секогаш биле посакувани и тактични, Чехов постојано пишува. Во 1894 година тој изградил мала селска куќа, за која самиот напишал во едно од своите писма: „Куќата (крилото), излезе мала, но корисна“. Првобитно пријатниот дом, опкружен со ситни грмушки, предвиден за гости, наскоро станал работен кабинет на писателот. Кога Чехов бил дома, над новоизграденото крило се веело знаме. Овде ја напишал „Чајка“. Во 1896 година, на сцената на петербургскиот Александриски театар се одржала премиерата на пиесата, но спектаклот немал успех. Чехов многу тешко го преживеал неуспехот на претставата. Во 1898 година „Чајка“ била поставена на сцената на московскиот Уметнички театар и одела со непрекинат успех.
Во мелиховскиот период (1892 – 1898) се создадени: „Павилјон бр.6“, „Човек во лушпа“, „Бабјо царство“, „Случај од праксата“, „Јонич“, „Гускино грозје“, напишан е големиот „селски циклус“ со текстови како што се „Селани“, „На лицитација“, „Нова дача(вила)“, „По службена должност“, повеста „Три години“, пиесите „Чајка“ и „Вујко Вања“. Имено во тие години од страна на Чехов се напишани повеќе од 1500 писма до различни адресати.
Во 1897година кај Чехов нагло се засилил туберколозниот процес, па тој е принуден да се лечи во болница. Здравјето, и без тоа слабо, му е нарушено од патувањето на Сахалин, а толку многу му се влошило, што докторите настојувале да го испратат на југ. Есента и зимата 1897/98 година писателот живее во Ница, потоа во Париз, каде се запознава со познатиот скулптор М.М. Антокољски. Чехов го убедува Антокољски да направи споменик за Таганрог, на основачот на градот – Петар Први. Преговорите течат добро, Чехов организира бронзениот одлив на статуата од пристаништето во Марсеј да стигне во Таганрог.
Во мај 1898 година Чехов се враќа во татковината и оди во Мелихово. Овде тој живее до септември, додека не почнала есенската влажност, а потоа оди на Јалта. Таму тој се стекнува со земјишен простор два километри од кејот во селото Аутка. Во октомври Чехов дознава за смртта на татка си. На сестра си и пишува; „Жалната вест, совршено неочекувана, ме растажи и длабоко ме потресе. Жал ми е за татко, жал ми е за сите вас... Ми се чини, дека после смртта на татко ни Мелихово веќе нема да биде живеалиште, токму со неговиот



дневник прекина и течењето на мелиховскиот живот.“ Во Јалта Чехов започнува да гради куќа. Пари за градба се појавиле од продажбата на делата на познатиот издавач на книги – Маркс. Набрзо според проектот на архитектот Шаповалов била изградена прекрасна вила (Чеховска градина). Чехов со мерак се зафатил да го облагородува местото, засадил дрвја. Зимата 1899 година на Крим била екстремно сурова, со снег и морски бури. Писателот жалел за Москва, каде во тоа време со успех се прикаживале неговите драми и вриел творечкиот живот. Пролетта тој оди во Москва, а потоа во Мелихово. Но, на крајот на август повторно се враќа на Крим. Имотот во Мелихово е продаден, па Чехов со мајка си и сестра си се пребираат да живеат во Јалта. Овде тој започнува активна општествена дејност: како локален жител го избираат за член на туторскиот совет на женската гимназија, подарува 500 рубљи за изградба на училиште во Мухолатка, лобира за изградбата на првата биолошка станица. Во Јалта, иако и самиот е тешко болен од туберколоза, работи во Туторството за пристигнатите болни. Во тоа време на Јалта пристигаат многу болни, речиси без пари, само затоа што наслушнале за Антон Павлович Чехов, кој што помага да се гради и значи може да лобира за жителство на луѓето од еврејска националност.
Кон крајот на 1890 и почетокот на 1891 година Чехов станува признат уметник, неговите дела предизвикуваат чести литературни полемики и како по правило општественополитички бранувања. Чехов ги поставува пред себеси и читателите прашањата на совеста и одговорноста за својот живот. Тој пишува: „Писателот не е пекар, не е козметичар, не е развеселувач; тој човек е ограничен пред сознанието на својот долг на честа и совеста“. Тоа е – животното и писателското кредо на Чехов. Во 1900 година Чехов го избираат за пристапен член на Петербургската Академија на Науките. Но, во 1902 Чехов ги напушта нејзините редови во знак на протест и несогласување со решението на Академијата за исклучување на Горки од политички причини и неподобност. По тој повод кај Чехов на Јалта пристига В.Г. Короленко, со кого го врзуваат стари другарски односи.
Пролетта 1900 година во Крим пристига на турнеја Московскиот Уметнички Театар. Чехов се упатува во Севастопол, каде специјално за него ја прикажуваат „Вујко Вања“. Подоцна театарот пристига во Јалта и во домот на Аутка почнуваат да се собираат интересни луѓе: Бунин, Горки; секој ден кај Чехови – сета театарска трупа. Наскоро театарот се враќа во Москва. Но веќе во јули Олга Леонардовна Книппер, водечка актерка на МУТ, најдобрата толкувачка на улогите во чеховите драми, со која Чехов се запознал на пробите во 1898 година и во наредниот период активно се допишувале, повторно патува за Јалта на гости кај писателот. Тие заедно го поминуваат целиот јули и за тоа време се определува нивниот понатамошен заеднички живот.
Зимата 1900-1901 година Чехов се наоѓа во Ница на лечење, потоа оди за Италија, а во февруари се враќа во Јалта. На 25 мај 1901 година А.П. Чехов и О.Л. Книппер се венчале. Веднаш после свадбата Олга Леонардовна го води



мажот во Уфимската губернија. Чехов веќе е многу слаб, но не осврнувајќи се на мачната болест, тој продолжува да пишува, да се среќава со луѓето, да им помага на сите, доколку било возможно. „ Јас ја презирам мрзливоста, како што ги презирам слабоста и немоќта на духовните движења“, - рекол тој за самиот себе. Напишана и поставена драмата „Три сестри“(1901год.) Чехов главно живее во Јалта, есента и ветровитата сурова зима, коишто ги минува во лошо затоплениот дом, не му го враќаат здравјето на Антон Павлович. Во ноември 1901г. тој и пишува на жена си: „Кај мене во кабинетот обично температурата е +12, многу ретко бидува +13. Каминот не го палам, затоа што од каминот ме болат очите. А на 12 степени е тешко да се работи“. Сопружниците не се видувале по неколку месеци, бидејќи Олга Леонардовна била зафатена во театарот, а Чехов бил принуден да биде во Јалта по препорака на лекарите. Раздвоеноста била мачна за обајцата. Чехов и пишувал на жена си: „Ако ние во овој момент не сме заедно, за тоа не сум виновен јас, а не си ни ти, туку судбината, што во мене внесе бацил, а во тебе љубов кон уметноста“. Воопшто, преписката меѓу Чехов и Книппер е едно потресно сведоштво за нивните односи: во нив има само нежност, љубов, почитување, грижа еден за друг, а понекогаш лошо сокриена болка од невозможноста да се биде заедно. Во нивните писма е одразена историјата на развитокот на Московскиот Уметнички Театар, каде што Чехов е главен автор, а Книппер толкувачка на главните улоги; интересна размена на мислења за литературата, за писателите, за актерите, воопшто за уметничкиот живот од тоа време. Херои во писмата се – Горки, Бунин, Толстој, Станиславски, Немирович – Данченко, Шалјапин, Комиссаржевскаја, Мејерхолд и други познати личности. Понекогаш Чехов се најдувал во Москва.
Во 1904 година се поставува уште една драма на Чехов – „Вишновата градина“. Книппер ја игра Раневска. Како и улогата на Маша во „Три сестри“, улогата на Раневска се јавува како врв во творечкиот опус на актерката. „Вишновата градина“ е последно дело на големиот писател и драматург. Процесот на болеста (туберколозата) се засилува толку многу што во мај 1904 Чехов ја напушта Јалта и заедно со жена си оди во Баденвејлер, позната бања на југот на Германија. Но за оздравување не можело да стане ни збор, овде Чехов само привремено ги залечил своите страдања.
На 15 јули, во два часот по полноќ, Чехов се почувствувал посебно лошо. На докторот што дошол на повик, тој му рекол: „Јас умирам“. Потоа побарал да му донесат шампањско, не брзајќи го испил бокалот, легнал на левата страна и набргу умрел. превод од руски Л.Партиков

четврток, 18 октомври 2007 г.

ТОШЕ, ПОЧИВАЈ ВО МИР...


ТОШЕ, ПОЧИВАЈ ВО МИР...

На 16. октомври во тешка сообраќајна несреќа загина човекот со ангелско лице, ангелски глас и исусовска добрина и љубов кон сите луѓе. Господ кај себе го прибра најдоброто од Македонија. До појавата на Тоше, мислев дека овој народ, што на светот му ги остави „ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“, „ ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ“, „ПАРАХОДОТ“, „НЕЛИ ТИ РЕКОВ..“ и многу други староградски бисери на кои ни се восхитуваа сите „соседи“ , нема добри композитори. Не дека немавме добри песни, не дека немавме добри пејачи... Вистински добрите песни беа вистинска реткост. Се што отпеа Тоше , стана хит. Тој нема -не лоша, нема просечна песна. Неговата мисија на земјата заврши, навистина штета... живееше кратко, но за своите 26 години постигна повеќе отколку некој што би имал и два живота по 100 години. Нека му е вечна слава. Отсега со својот ангелски глас ќе ги разгалува срцата на боговите...

сабота, 6 октомври 2007 г.

четврток, 4 октомври 2007 г.

GRANDE PANDEV

Синоќа започна големиот поход на Пандев кон Европа. Малиот Горан Пандев на големиот кралски клуб од Мадрид му даде два гола. На големите клубови ретко им се случува на еден натпревар да примат два гола од ист играч. Синоќа Пандев направи да се чувствувам гордо , со него се гордееме сите струмичани, сите Македонци. Но, тоа е само почеток, времето на Пандев допрва доаѓа. Господ нека го чува, а головите ќе ги дава тој.

вторник, 11 септември 2007 г.

AПЕЛ

А П Е Л

Ние , соседите на неправедно приведениот Васил Бојаџиев, сме згрозени од она што го читаме , слушаме и гледаме во нашите печатени и електронски медиуми, во врска со неговата личност.

Нашиот сосед се товари за тешки дела против општата сигурност, врз основа на сведочењето на единаесетгодишен штитеник на Заводот , кој, како што се вели во соопштението, често ги менувал исказите. А ако некој ги менува исказите , тогаш нешто смрди. Васил Бојаџиев е претставен како агресивна личност, монструм кој им се заканувал на штитениците од Заводот дека еден ден ќе ги запали. Таков човек не живее на „ Иљо Шопов“. Човекот што ние го познаваме е мирен човек со топло срце и убав збор за секого. Тој е грижлив татко, добар сопруг и сосед каков што секој би посакал. Во неговото големо срце има доволно љубов и место за сите. Штитениците од Заводот ги сакаше како свои деца, тие тоа најдобро го знаат бидејќи честопати беа негови гости.

Апелираме до истражните органи професионално да си ја завршат работата и да не бараат вина таму каде што ја нема.

Во целата постапка нешто смрди! Никој не го објави името на дежурниот во критичната ноќ. Што правел додека му горело во близина, дали спиел или гледал телевизија?! Во колку часот малиот ја запалил свеќата? За колку време догорува една свеќа ?

Нека се направи реконструкција на настанот, можеби свеќата не е причинителот на несреќата...

НЕВИН ЧОВЕК ДРЖИТЕ ВО ПРИТВОР !

КОЈ ЌЕ МУ ЈА НАДОМЕСТИ ШТЕТАТА НА ВАСЕ БОЈАЏИЕВ ЗА НАРУШЕНИОТ УГЛЕД, А МОЖЕБИ И ЗДРАВЈЕ, ЗА ДЕНОВИТЕ ПОМИНАТИ ВО ПРИТВОР?

ДАЛИ ЌЕ БИДЕ ДОВОЛНО САМО ИЗВИНУВАЊЕ?!

ШТО БЕШЕ ТОА ПРЕЗУМЦИЈА НА НЕВИНОСТ!?

сабота, 8 септември 2007 г.

Коментар по повод притворањето на Б. В.

На почетокот да им изразам длабоко сочувство на родителите и блиските на трагично загинатите штитеници на Заводот во Банско. Нивната несреќа е ненадоместлива... Но морам да го изразам и својот револт од непрофесионалноста на новинарката Сузана Тасева. На госпоѓата Тасева , која трча по сензации , изгледа не и е познато дека постои презумција на невиност, па веќе во чудни околности осомничениот и притворен В. Б. речиси го прогласи за виновен .Нејзе не и е првпат осомничените да ги посочува со нивното полно име и презиме. Од вербална закана до злосторство можеби има само еден чекор, но и тој чекор треба да биде направен за да имаме злосторник. Се работи за тешко злосторство, ако е смислено направено... многу потешко од подметнување пожар во редовно училиште, бидејќи несреќата се случила ноќе, на спиење, а штитениците на Заводот се лица што не се во состојба сами да се спасуваат. Но, уште поголемо злосторство ќе се направи ако се осуди невин човек. Не сум правник но од општа култура знам дека за да се обвини некој треба да има деликт,мотив, средства со кои е извршен деликтот и сведок, кој не е секогаш неопходен. Некогаш доказите упатуваат на злосторникот и без да има сведоци. Во случајов имаме трагичен настан кој можеби е несреќен случај, можеби настанал од несакање или невнимание ,а да не заборавиме и на фактот дека понекогаш децата умеат и да лажат за да се спасат себеси.

Според законите на физиката еден предмет или во случајов лице, во исто време не може да биде на две места, а Б. В. критичната ноќ бил дома и има цврсто алиби. Кога разбрал за несреќата веднаш отишол да помага. Ако некој понекогаш пие, не значи и дека е злосторник. Се работи за тежок и сложен случај во кој судиите треба да се остават да размислуваат со ладна глава а не под притисок на новинарите. Со емоции не се донесуваат праведни пресуди. Факт е дека детето купило свеќи и дека свеќите ги запалило, но дали нема пиромани и меѓу децата? Размислете колку пожари се предизвикани од деца... од невнимание ,од незнаење,од небрежност.

Зарем сите нив некој ги наговарал?! На мојот братучед децата двапати му ја палеа куќата, за среќа се добро се заврши, но не ја фрлаа вината на друг...во прашање беше невнимание. Мој бивш ученик од Јеловјане предизвикал пожар,запалил плевна, веројатно од небрежност. И да не набројувам други случаи кога причинители на пожарот биле деца во игра и тоа дома.Повторувам - поголем грев ќе се направи ако се осуди невин човек. А како илустрација каков човек е господинот В. Б. ќе посочам дека честопати штитениците од домот ги носеше кај него дома. И покојниот Златко беше негов гостин. Тој ни мравка не би згазнал и не е човек што ќе наговори некого на такво грозоморно злосторство.