понеделник, 6 јули 2009 г.

СТРУМИН ГРОБ

Западно од Струмица, на патот што води до Вељуса, каде што е познатиот манастир Св. Богородица Елеуса, е селото Баница. И ако сакате да стигнете до Водоча, каде што е прекрасниот комплекс од цркви Св. Леонтие, пак ќе поминете низ истото село и истиот пат. Но ретко кој од туристите, кои редовно ги посетуваат и Водоча и Вељуса, се задржува во Баница за да го види гробот на Струма, според која и денешната Струмица го добила името...така вели преданието. Оние што ќе го посетат гробот, ќе можат да ја прочитаат легендата за Струма, напишана на една метална табла, проект на Aqvila Avrea Macedonica.



Според преданието, Струма била ќерка на некој локален словенски владетел. Градот бил под опсада на Византијците, кои никако не можеле да го освојат, ниту пак да им ја најдат насоката, зашто коњите ги потковувале наопаку. Тајната сите ја чувале се’ додека убавата Струма несреќно не се вљубила во некој млад византиски војсководец, кому му ја открила тајната. Откако биле поразени и тврдината освоена, несреќниот тактко разбрал за предавството на ќерка си, па во момент на гнев ја проколнал ќерка си – кога ќе умре, земјата девет пати да ја исфрла од гробот.




Бев дете кога прв пат ја чув оваа трогателна приказна за несреќната Струма и го видов нејзиниот гроб, кој беше нем сведок и предупредување за тоа како завршуваат предавниците на сопствениот народ.


Пред десетина години се разочарав кога го посетив гробот. Гробот беше отворен, а во внатрешноста се гледаше мермерен саркофаг. Според димензиите на саркофагот, тогаш се запрашав дали тоа воопшто било гроб и ако бил гроб чие тело било погребано и во каква положба.

Со векови овој гроб стоеше осамен во полето и беше табу за сите што го виделе. Низ ова поле поминале разни освојувачи...Турците биле пет и пол века- не го отвориле. Потоа се сменувале Бугарите и Србите, но и тие не го отвориле. Гробот на Струма е отворен и ограбен во периодот кога станавме независна држава. Оние што го отвориле, ги интересирало само златото и ја чуваат тајната, а науката посиромашна за едно сознание.

Денес, при мојата посета на Струмин Гроб, уште повеќе се изненадив. До гробот некоја невладина организација поставила метална табла, на која ја раскажала легендата за Струма, а од внатрешноста на гробот се подаваа гранките на млада црница и капина. Кога ѕирнав внатре, мермерниот саркофаг го немаше... некој дополнително го ограбил гробот.

Можеби некој досетлив селанец, на чиј имот е гробот, еден ден на туристите ќе им продава Струмина Мастика и слатко од Струмината Капина.






понеделник, 29 јуни 2009 г.

ОД БЛОГЕРСКАТА СРЕДБА ВО КАВАДАРЦИ




Заврши уште едно ( за мене прво) дружење на блогерите од blog.com.mk. Главен „виновник“ за оваа средба беше популарната Оксиморон, која се погрижи се да помине во најдобар ред. На зборното место, пред капијата на гигантот ТИКВЕШ, во 12.00 се појавија Ненад, Кликер, Вангел, Илина, Марјан, Ана Карењина, Струмјан, Гершанина, Вероника и јас, а во улога на домаќин се јави еден млад човек, кој за себе рече дека се вика Ѓорѓи и дека помага во Тиквеш.
Младиот менаџер на ТИКВЕШ ни го објасни целиот процес на довивање на висококвалитетно вино - од приемот на грозјето до финалниот прозивод. Знаев дека ТИКВЕШ е голем, ама не знаев дека е толкав гигант. Откако ги видовме визбите со огромните буриња, во кои одлежуваше виното и новите вложувања во малите буриња, кои треба да обезбедат производство и пласман на висококвалитетни вина во помали количини за пробирливиот пазар, се симнавме во подземниот ресторан од затворен тип, во кој покрај другите познати фаци биле Тито, Николина Пишек, Трендо и јас...
Во опуштена атмосфера, ни беа презентирани квалитетните вина од асортиманот на Тиквеш, а младиот менаџер умееше со разни досетки да го одржува ведрото расположение. На големата маса ни се придружија и две Американки, кои не знаеја македонски, ама беа видно восхитени од квалитетот на вината на Тиквеш... се интересираа во кои држави на САД може да се најдат овие вина.
Мене најмногу ме воодушеви белото вино Alexandria Cuvee, кое се подготвува од сортите Chardonnay и Riesling, а просто се лизга во грлото, додека во устата ви останува вкус на праска, а пријатниот овошен мирис го чувствувате и во носот.

ДЕГУСТАЦИЈА НА ВИНАТА НА ТИКВЕШ








































петок, 26 јуни 2009 г.

26.06.2009 - Костурино
















Денес, во вонредни околности,(во училишниот двор), децата во Костурино ги добија своите свидетелства, за завршената учебна 2008/09 година, бидејќи училиштето се реновира. Се работи за проект финансиран од страна на Министерството за образование, а работите се веќе во тек. Дел од прозорците се веќе променети, а ќе се работи и на промена на патосот. Место по старите даски, децата од септември, (во Куклиш и Костурино), ќе газат по плочки од линолеум.