недела, 23 август 2009 г.

СТАРАТА ТУРСКА БАЊА ВО БАНСКО

Освен Римјаните, бањи на овие простори граделе и Турците. Се уште стои старата турска бања во Струмица, но кој знае кога престанала да се користи. Стојат ѕидините и од бањата во Баница, која сведочи дека некогаш таму живееле богати Турци, но и дека извори со топла вода имало и во Баница, по што го добила и името.
Веќе повеќе години старата турска бања во Банско не се користи, па таа стана собиралиште на духови и ја нагрдува сликата на Банско. Во најскоро време локалните власти би требало да преземат нешто...овој објект или да се ревитализира или да се заштити како споменик на културата.






















сабота, 22 август 2009 г.

РИМСКАТА ТЕРМА ВО БАНСКО - МАКЕДОНИЈА





































Римската терма, откриена случајно при копањето на темелите за хотелот „Цар Самуил“ 1978г. Повеќе за Банско, читај тука.

петок, 14 август 2009 г.

МУЗИЧКИ КАРВАН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“













Студентите од Музичката академија од Универзитетот „ Гоце Делчев“ - Штип, синоќа низ музички хепенинг ги промовираа студиските групи, на кои ќе можат да се запишат идните студенти во Струмица. Од оваа студиска година, новина е Педагошкиот факултет. Првиот уписен рок започнува на 17. 08, а ќе трае три дена, (заклучно со 19. 08. 2009 г.).

четврток, 13 август 2009 г.

ИЗЛОЖБА










Во фоајето на центарот за култура АНТОН ПАНОВ во тек е изложбата на сликите на Хајруш Фазлиу, со чие отварање се означи и почетокот на 46. Меѓународна ликовна колонија во Струмица. За оние што не се во состојба да ја посетат, еве дел од неговите платна.

вторник, 11 август 2009 г.

46. МЕЃУНАРОДНА СТРУМИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА




Деновиве отпочна со работа 46. Меѓународна струмичка ликовна колонија. Во текот на наредните дваесетина дена, богатата колекција на колонијата, со свои дела ќе ја збогатат дваесетина сликари од седум земји и од Македонија. Учесници на годинашнава колонија се:
БАЈРАМ ГАЗАНФЕР - Македонија
БЕРНАНДОНИ ЛАУРЕ - Италија
БОЖАРОВА НАТАША - Македонија
БЛОХЕР АНИТА - Германија
ГЛИСОВИЌ ЛИЉИЦА - Србија
ИВАНОВ АЛЕКСАНДАР - Македонија
ЈАКИМОВСКИ ЖАРКО (нема податок од каде е)
НАНЕВСКИ НИКОЛА -Македонија
ПАРАНОВИЌ МИЛАН - Србија
РОСИ ВАЛЕНТИНА - Италија
СЕВЕРУХИН ЕВГЕНИЈ - Русија
ТОМОВСКИ ЃОРЃИ -Македонија
ФАЗЛИУ ХАЈРУШ - Косово
ФИЛИПОВСКА СИМОНИДА - Македонија
ФИЛЕВ АЛЕКСАНДАР - Македонија
ХАЈРО ЈАКУПИ - Турција
ХАЏИЕВА КРИСТИНА - Македонија
ЧУЧУЛИГОВ ПЕТАР - Бугарија
ЃОРЃИЕВА- ЈАКОВЛЕВА ЛОРЕТА - Македонија

Љубителите на уметноста од Струмица, делата од оваа колонија ќе можат да ги видат на изложбата, што свечено ќе биде отворена на 11. Септември, Денот на ослободувањето на Струмица, а оние најзапалените, тоа можат да го прават секој ден и да се дружат со уметниците, кои своите дела ги создаваат во просториите на Домот на културата - Благој Јанков - Мучето во Струмица.

понеделник, 6 јули 2009 г.

СТРУМИН ГРОБ

Западно од Струмица, на патот што води до Вељуса, каде што е познатиот манастир Св. Богородица Елеуса, е селото Баница. И ако сакате да стигнете до Водоча, каде што е прекрасниот комплекс од цркви Св. Леонтие, пак ќе поминете низ истото село и истиот пат. Но ретко кој од туристите, кои редовно ги посетуваат и Водоча и Вељуса, се задржува во Баница за да го види гробот на Струма, според која и денешната Струмица го добила името...така вели преданието. Оние што ќе го посетат гробот, ќе можат да ја прочитаат легендата за Струма, напишана на една метална табла, проект на Aqvila Avrea Macedonica.



Според преданието, Струма била ќерка на некој локален словенски владетел. Градот бил под опсада на Византијците, кои никако не можеле да го освојат, ниту пак да им ја најдат насоката, зашто коњите ги потковувале наопаку. Тајната сите ја чувале се’ додека убавата Струма несреќно не се вљубила во некој млад византиски војсководец, кому му ја открила тајната. Откако биле поразени и тврдината освоена, несреќниот тактко разбрал за предавството на ќерка си, па во момент на гнев ја проколнал ќерка си – кога ќе умре, земјата девет пати да ја исфрла од гробот.




Бев дете кога прв пат ја чув оваа трогателна приказна за несреќната Струма и го видов нејзиниот гроб, кој беше нем сведок и предупредување за тоа како завршуваат предавниците на сопствениот народ.


Пред десетина години се разочарав кога го посетив гробот. Гробот беше отворен, а во внатрешноста се гледаше мермерен саркофаг. Според димензиите на саркофагот, тогаш се запрашав дали тоа воопшто било гроб и ако бил гроб чие тело било погребано и во каква положба.

Со векови овој гроб стоеше осамен во полето и беше табу за сите што го виделе. Низ ова поле поминале разни освојувачи...Турците биле пет и пол века- не го отвориле. Потоа се сменувале Бугарите и Србите, но и тие не го отвориле. Гробот на Струма е отворен и ограбен во периодот кога станавме независна држава. Оние што го отвориле, ги интересирало само златото и ја чуваат тајната, а науката посиромашна за едно сознание.

Денес, при мојата посета на Струмин Гроб, уште повеќе се изненадив. До гробот некоја невладина организација поставила метална табла, на која ја раскажала легендата за Струма, а од внатрешноста на гробот се подаваа гранките на млада црница и капина. Кога ѕирнав внатре, мермерниот саркофаг го немаше... некој дополнително го ограбил гробот.

Можеби некој досетлив селанец, на чиј имот е гробот, еден ден на туристите ќе им продава Струмина Мастика и слатко од Струмината Капина.