























Денес, 14.3. 2009 г. од страна на Владата на РМ е прогласен за Ден на дрвото, по иницијатива на познатиот баритон од светски глас, Борис Трајанов и Љупчо Бубо Каров. Идејата – секоја година да се засадуваат по два милиона дрвца е благородна и за поздравување. Но, наместо да ви ја документирам радоста со која децата ги садеа дрвцата, ќе морам да ви раскажам низ слики за еден немил настан...
Утрово, (околу 3 часот), непознато лице со потекло од едно радовишко село, со голема брзина удрило со украденото возило ОПЕЛ ВЕКТРА во оградниот ѕид на подрачното училиште во Костурино, во делот на спортското игралиште.
Како што рече еден локален жител- Ѓаволот го натерал да дигне глава од радовишко, да оди дури во Николиќ, да му ја украде колата на човекот и да го урне овде ѕидот... а сега е во кома. Да си седел мирен, ова немало да се случи.
Токму на ова место, секое утро ние ја паркираме колата...
ЗАВРШИ ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ
Вечерва сите патишта водеа кон Струмица. Вечерва Струмица беше центарот на Балканот...вечерва Струмица живееше за карневалот и со карневалот. Градот се уште трешти, а јас побрзав да ги споделам со вас моите впечатоци од карневалот, додека импресиите се се уште свежи. Направив 220 фотографии со Никонот, па додека фотографиите влегуваат во компјутерот, јас да го напишам текстот. Се уште ми одекнува во ушите силниот техно-ритам, а го слушав цело време по патот кон дома, зашто маските се уште не беа поминале пред платото на домот на културата. Забавата ќе продолжи до раните утрински часови низ струмичките кафеани, кафетерии и ноќни барови. Восхитен сум од креативноста на сите учесниви, а ги имаше многу. Според зборовите на Александар Цицимов, годинава продефилирале над 3000 лица под маски...а ги имаше и од странство. Покрај редовните мечкари од соседна Бугарија, годинава видов за прв пат и гости од Албанија. Морам да ги пофалам моите сограѓани кои со своите креации ги надвисија гостите. Најсилен впечаток ми остави маската чиј спонзор беше МАКС, а претставуваа Индијци.